Home Живот Лозано пријатно ќе изненади

Лозано пријатно ќе изненади

Лозано е еден од нашите најпопуарни и најбарани пејачи. Момчето со скромно однесување и одличен глас е миленик на публиката од 7 до 77.

Негов прв јавен настап беше како член на македонското талент шоу Мак Ѕвезди во септември 2007 година. Еден месец подоцна, тој доби гран при награда на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ.

Тој заедно со Есма Реџепова, ја претставувал Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска, но за жал не успејаа да влезат во финалето.

Ја пееше песната Врати ме, што воедно е и неговиот прв сингл, додека негов втор сингл е Обичен без тебе. Во октомври 2008, со неговиот трет сингл Времето да застане ја доби наградата од жирито на фестивалот Макфест, најпрестижниот фестивал во Македонија.

Во шоуто „Живот со стил“, водителката Елена Стефановска го праша за љубовниот живот, за периодот пред и по раскинувањето на свршувачката со манекенката Савка Грачанин, по натписите во повеќе портали дека неверството е причина за нивното разидување. „Сум простил неверство“, изјави тогаш Лозано.

Пејачот кој со хитот „Километри“ има повеќе од девет милиони прегледи на јутјуб, со новата состојба на естрадата е послабо активен.

Но, спремајте за нешто ново од Лозано! Сега е најавен неговиот „Километри проект“, и како што личи по најавите, станува збор за преработки за хитовите на Лозано. Едвај чекаме!