Home Живот Димитар Андоновски призна: Заради тебе се борам секој ден

Димитар Андоновски призна: Заради тебе се борам секој ден

Димитар Андоновски е еден од нашите најромантични пејачи. Пред пет години, јавно, на концерт тој ја побара за жена својата тогашна девојка Христина.

Димитар и неговата сакана Христина во август во 2015 година ја крунисаа својата љубов со брак, a во октомври истата година направија свадба за паметење, на која тој запеа и ѝ посвети песна. На свадбата запејаа многу пријатели од естрадата на Димитар.

Во 2017, на Христина која е од Прилеп, и битолчанецот Димитар им се роди синот Михаил. Димитар е горд на својот син за кој вели дека има музички талент.

„Среќен сум што ја имам Христина за жена затоа што во денешното модерно време кога сите вредности се изгубени реткост е, но и и дар од Бог да имаш вистински човек покрај себе. Му Благодарам на Бога што ни го подари најпрекрасниот син на светов.

Михаил ми го промени комплетно животот, се чуствувам исполнет, среќен и сфатив дека ништо друго на светот не е поблагословено и повредно од семејството. Христина е многу посветена мајка“, изјави пејачот за Женски магазин.

Својата романтика, тој ја докажа и неодамна со објава на Фејсбук во која напиша: „Не можеш да замислиш колку ми помогна да станам подобра личност, и добар татко и маж. Ти си мојата мотивација да се борам секој ден“, напиша Димитар.