Home Естрада (ФОТО) Анета Молика и Сузана Гавазова објавија заедничка фотка и испратија кратка,...

(ФОТО) Анета Молика и Сузана Гавазова објавија заедничка фотка и испратија кратка, но јасна порака

Со музика од импровизиран ноќен клуб пред Владата, стотици музичари и угостители излегоа на мирен протест барајќи од владините претставници да ги преиспитаат протоколите за нивна работа, бидејќи како што велат тие се најпогодени од корона кризата.

Побараа и поголема поддршка за нивните бизниси.

„Ние побаравме итен состанок со претставници од власта, тоа беше писмено барање со потпис и печат од повеќе ноќни клубови на што се уште немаме добиено одговор.

Поради тоа сега се собравме овде да бараме состанок на кој ќе ги доставиме нашите барања а тие барања се: итно донесување на финансиски пакет мерки во вид на грантови со кој ние би ги сервисирале нашите долгови кои се настанати во изминатиов период и заедничко донесување на протоколи по кои би можеле да отвориме и работиме и полека да ја вратиме состојбата во нормала“, рече Горан Арсовски.

И свадбарските работници побараа итно да се донесе протокол за семејни прослави и свадби.

„Протоколот од соседните земји предвидува дистанца, големи санитарни и хигиенски услови, намален број на гости на маса, дозволен музички настап и соодветно капацитетот дозволен број на гости. Ниту еден брачен пар не донел одлука да направи свадба од денес за утре со 200 луѓе“, вели Екрем Мимиши.

Работењето на ноќните клубови беше забрането на 14 март годинава, со владина Уредба со законска сила, а за целиот период на нивното неработење не добија финансиска поддршка од државата.

Единствено со првиот сет економски мерки тие добија владина помош од по 14.500 денари за исплата на платите на вработените но само за април, мај и јуни.

По барањето на организаторите во рок од два дена да бидат примени од премиерот, од Владата стигна одговор дека од кабинетот на Заев ги поканиле в петок на средба со премерот.

Инаку, на владина седница во неделата, а во насока на намалување на ризикот за ширење на Ковид 19, беа донесени одлуки за забрана на пејачи, музички групи и диџеи во угостителските објекти, беше ограничена гласноста на музиката, потоа бројот на лица од 12 е намален на четири кои можат да седат на иста маса, а целосно е забранета работата на ноќните барови и дискотеките.

Не се музичарите тие што го шират коронавирусот, а новите кластери се грешка на надлежните институции кои што не ги казнуваат тие што не почитуваат мерки, порачаа вчера дел од музичарите кои излегоа на протест пред Владата, која по препорака на Комисијата за заштита од заразни болести забрани настапи во дисотеки и кафулиња.

Велат дека Владата не смее да ги казнува сите, поради поединечни случаи на непочитување на мерките за заштита. Предупредуваат дека над 20 000 семејства се засегнати и на работ на егзистенција поради владината одлука.

На улица излегоа многу познати имиња од светот на музиката, а ова беше можност многу колеги и колешки повторно да се сретнат и видат по подолга пауза.

Едни од нив беа најпознатите фолкерки во нашата држава, Анета Мицевска од Молика и Сузана Гавазова кои направија заедничко селфи, со маска преку лице и порачаа: – Музиката нема вирус.