Home Естрада Македонската фолкерка – Барбика се качи на трактор и „заора“ (ФОТО)

Македонската фолкерка – Барбика се качи на трактор и „заора“ (ФОТО)

Oткако пејачите останаа без приходи заради корона пандемијата, многу од нив, пред се на српската естрада решија да ја сменат професијата! Или барем да инвестираат во нов, дополнителен бизнис, кој можеби во иднина ќе им биде и главен.

Еден таков пример се најдобрите пријатели, фолкерите Весна Змијанац и Милан Станковиќ, кои одлучија да одгледуваат овошје и зеленчук на нејзиниот имот во Букуља.

„Таа има голема градина, па ако не се може на сцена, можеме да одгледуваме органско овошје и зеленчук. На тој начин нема да останеме гладни“ – вели Станковиќ.

Овој пример се чини полека но сигурно ќе го следат и многу македонски естрадни уметници, а веќе дел од нив и јавно најавија дека се подготвени да работат нешто друго.

Можеби една од нив ќе биде и Сања Цинцева која важи за една од оние македонски пејачки чија кариера имаше голем напредок.

Некогашната русокоса убавица по што и го доби прекарот Сања – Барбика, оддамна веќе не е барбика. Не барем во бојата на косата која ја бојадиса во црно, а имиџот на локална мома, го преобрази во атрактивна, урбана дама, по теркот на познатите регионални ѕвезди. Стокмена, стегната, дотерана.

Пред корона вирусот, Сања беше повеќе надвор отколку дома. Австрија, Турција, Германија… гостувања и настапи по клубовите и локалите каде доаѓаат да се забавуваат иселеници од целиот регион.

Пред неколку месеци пејачката привлече големо внимание откако имаше порака до колешките кои што настапуват за ефтина цена, а притоа меѓу другото кажа:

Ми кажаа дека некои анонимуси “певаљки” кои пеат за 2000 денари, го валкале моето име наоколу. Па ај реков да им одговорам вака јавно. Ве разбирам, а во исто време Ве жалам, паднавте толку ниско што за да дојдете до малку публицитет и да привлечите внимание го валкате моето име и мојот углед!

Вие сте далееееку позади мене, немате ни една Ваша хит песна, ниту 1 денар вложен во Вашата маалска кариера. Од тука го разбирам Вашиот гнев, љубомора, затоа што мојата кариера е богата со неколку хитови, меѓународни настапи и договори со странски продукциски куќи, нови и тренд спотови…

Ви ветувам дека повеќе нема ни да Ви посветувам внимание затоа што не вреди на Вас да трошам време. Продолжете да пеете за 2000 денари и тапкајте в место без никаков успех. Ако Ви треба стучен совет побарајте ме, ќе Ви помогнам барем 10% да Ви вреди Вашиот настап во однос на мојот.

Летово Сања Цинцева или како што повеќето ја познаваат – Сања Барбика беше доста актуелна со нејзината најнова песна и видеоспот. Станува збор за нумерата која носи наслов „Барбика кралица“, која ја сними во соработка со познатиот Џамбо Агушев.

-Заедно со Џамбо Агушев имаме ХИТ и кога веќе зборуваме за критиките, мислам дека не постои пејач кој што немал критики во одреден период од својата кариера. Јас мислам дека и тоа е успех затоа што ако немаш критики, под дифолт треба да се запрашаш зошто е тоа така.

Кај нас во Македонија, па воопшто и на Балканот живеат луѓе кои се сеирџии по природа и се гласни и моќни само пред тастатура. Не бираат зборови кога навр едуваат, а за мене тоа се злобни, неуспешни и нереализирани луѓе, кажа во една прилика Сања.

Убавата пејачка на социјалните мрежи сè почесто може да ја видиме како ги поминува деновите во природа, на планина и во селска идила.

Пред неколку дена на својот профил на фејсбук сподели фотографии од селото Негрево во Пехчево каде што позираше качена на трактор, а потоа и како лежи во исушената есенска трева.

Ова можеби е најава дека Сања ќе започне некој нов бизнис и ќе влезе во земјоделието.