Home Живот Тамара и објави фотка на Катарина и напиша: Кокошка за мојата „кокошка“...

Тамара и објави фотка на Катарина и напиша: Кокошка за мојата „кокошка“ (ФОТО)

Несомнено, Катарина Ивановска важи за една од најубавите македонски манекенки. Својата кариера ја започна далечната 2004 година на Миланската модна недела.

Во декември 2004 се појавила во едиторијал за магазинот Елие, а исто така се има појавено и во ЦитизенK, Стилето и италијанското и руското издание на Вогуе. Се има појавено на насловните страни на магазините Дива и Максима, и во реклами за Долче и Габана во 2006.

Во 2011 потпишала договор за рекламирање на продуктите на Викторија Сикрет.

Ивановска сега е фамилијарна жена и е во брак со партнерот Цобе со кого ги имаат деца Вања и Кира. Семејството на македонскиот модел Катарина Ивановска и нејзиниот сопруг Цобе, во септември претходната година се збогати за уште еден член.

Имено, Катарина се породи по вторпат и на свет ја донесе ќерката Кира, а Вања си доби сестричка.

За разлика од многу жени, кои по породувањето се борат со вишокот на килограми и се обидуваат на секој начин да ја вратат формата пред породувањето, Катарина изгледа нема таков проблем. Ивановска има витка линија, па така е и откако стана мајка.

Јасно е дека мајката природа била дарежлива кон манекенката Катарина Ивановска која немаше проблем со килограмите ниту по породувањето.

Но да се биде манекенка и да се одржува линијата не е само да се имаат гените, туку треба и напорна работа.

Многупати сме ја виделе Катарина како трча на кеј, покрај Мавровско ереро, вежба во теретана…

Неодамна во едно интервју, Ивановска откри дека изгледа добро благодарение на својата генетика, но и дека се храни здраво, односно дека меѓу оброците не се храни со разни калорични грицки.

–Дисциплината со која живеам од дете ми помогна и во обврските со децата да воведам дневна рутина. Во првите 5 месеци по породувањето, не прифаќав ангажмани и тоа е период кога едноставно не сакав да се одвојувам од децата.

Искрено и Слободан (Цобе), мојот партнер, е многу активно вклучен во воспитувањето и во секојдневните потреби на Вања и на Кира – кажа во едно интервју.

Катарина Ивановска и Тамара Тодевска се неразделни пријателки. Тамара вчера откри дека нејзината добра другарка се поднови, па сега нејзиното тело доби нов додадоток, во вид на те товажа.

Тодевска на своето стори на Инстаграм прво објави видео додека се црта тетоважата на Ивановска, а непосредно потоа го објави и крајниот изглед на истата.

Изненадувачки, убавата Катарина на својата десна рака истетовира форма на кокошка, а Тамара притоа напиша: Кокошка за мојата кокошка.

Дали ова може да се сфати дека Тамара ја „почасти“ Катарина те товажа?