Home Живот Црнокрак имаат посебна причина за среќа

Црнокрак имаат посебна причина за среќа

Семејството Црнокрак, Мики и Светлана имаат големи причини за среќа. Тоа се нивните ќерки, бракот и љубовта кои ги негуваат долги години, успехот во модниот свет.

Годинава, прославија 23 години од бракот.

„Се запознавме каде на друго место ако не на модна ревија и тоа во Битола, една ипол година пред нашата свадба, која се случи точно на 11 октомври во 1997 година.

Свадбата ќе ја паметиме по големото невреме и силниот дожд кој не ни пречеше, а старите ни го протолкуваа како добар знак за среќен и бериќетен брак.

Кога се запознавме, се случи љубов на прв поглед, па потоа дојде и и втор и трет. На почетокот на љубовта ништо не ни пречеше еден кај друг, а и сега потолку годинa брак се навикнавме и се прилагодивме на се, па дури и на тоа што можеби ни пречело“, изјавија Црнокарк за Женски магазин.

Круната на нивната љубов се ќерките Моника и Нина. Моника има 23 години и е студент, но се занимава и со манекенство по стапките на мајка ѝ. Ќерките им се 13 години разлика.

Светлана вели дека е возбудливо да го живееш животот на еден студент и едно дете во основно училиште. И токму вчера беше најсреќен ден за Црнокрак.

Нина наполни 9 години, а среќното семејство објави фотографија од прославата на роденденот со двете ќерки. Нека се множат убави мигови!