Home Вести Свет Вучиќ: Ана правеше грешки, но како да не и простам, кога јас...

Вучиќ: Ана правеше грешки, но како да не и простам, кога јас самиот за многу поголеми грешки си простив

Актуелната српска премиерка Ана Брнабиќ во понеделникот вечерта доби од претседателот Александар Вучиќ уште еден мандат да ја води идната влада во Белград.

Владата ќе има две нови министерства – за човекови права, родова рамноправност и оштествен дијалог, како и министерство за грижа за семејството, децата и демографијата.

Вучиќ притоа од Брнабиќ побара во владата 50 отсто да бидат застапени жените „за и на дело, а не само на зборови, да се потврди дека функционира рамноправноста на половите“.

Како најголеми предизвици ги наведе решавањето на косовскиот проблем и епидемијата на коронавирусот. Вучиќ рече и дека е убеден дека Србија ќе обезбеди економска стабилност и подобар животен стандард са своите граѓани.

„Нашата цел е да се одржи економската сила на Србија, да расте животниот стандард, да имаме доволно финансиски резерви“, рече Вучиќ и нанави дека ќе се задржи трендот на зголемување на пензиите и платите, со продолжување на големите инфраструктурни проекти.

Вучиќ рече и дека коалицискиот партнер во власта на неговата Српска напредна партија (СНС) во новата влада ќе биде познат „за пет до седум дена“.

„Мислам дека тоа е добар избор, дека таа својата работа ќе ја извршува сериозно и одговорно“, изјави Вучиќ во телевизиското обраќање.

-Jа потпишав одлуката, а тоа ќе биде Ана Брнабиќ. Имам многу високо мислење за неа. Таа не го разбираше својот мандат како време за лична промоција, туку работеше посветено за доброто на луѓето и немам за што да се жалам – изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, по седницата на владејачката Српска прогресивна партија на која единствена тема беше формирање на нова влада.

Се чини дека најголемо внимание предизвика оваа реплика на Вучиќ, поврзана со Брнабиќ:

„Ништо крупно не можам да ѝ замерам, а ситно можам, но тоа себеси можам и повеќе, па не е фер себеси да си простам, а на друг не“, истакна тој и додаде дека водела дисциплинирана и одговорна политика.

Прашан беше зошто на оваа одлука се чекало 106 дена.

„Ми беше потребно да направам концепт како ќе изгледа владата. Разговарав со сите. За тоа време луѓето можеа да видат, за разлика од оние што се капеа на море, јас вредно работев, бев со Путин, Ердоган, Трамп. Многу собра во кратко време“, изјави Вучиќ.

Според министерот за финансии Синиша Мали, предлогот на Вучиќ за нов премиер бил прифатен едногласно. Брнабиќ беше премеир на Србија од 29 јуни 2017 година. Таа е прва жена премиер во Србија.