Home Естрада Згодната водителка Бубе: Влегуваш во неговиот дом, а тој одлучува дали ќе...

Згодната водителка Бубе: Влегуваш во неговиот дом, а тој одлучува дали ќе те прими на гости

Со години сме навикнати да ја гледаме на малите екрани, тоа е згодната и убавата водителка Бубе Јаневска Ивановска кој секогаш знае да привлече внимание:

-Во деновите кога сум на работа, денот ми почнува со кафе со колегите во Канал 5. Обично со првото утринско кафе се подготвувам за емисијата односно за гостите кои ми се предвидени за тој ден.

Додека во деновите од викендот ги имам најубавите утра. Има ли нешто поубаво од гушкање со сопственото чедо, а ќерка ми Нела обожава наутро да се гали со мама. Тогаш си ги правиме плановите како и каде ќе го минеме денот.

Најсилна инспирација ми е секако семејството. Тие ми се непресушен извор за насмевка, за љубов, за истрајност.

Мотив да се издржат и победат сите препреки и предизвици. Едни две очиња кои нестрпливо ме чекаат да се вратам од работа се живот, а не само мотив. Ме мотивираат позитивни луѓе.

Сакам луѓе што се насмеани, луѓе од кои имам што да научам. Ме мотивира секој изминат ден. Сите грешки, но и убави нешта се искуство кое ме мотивира да станам подобар човек, подобра личност.

Од понеделник до четврток некако работите и нештата ми се распоредени според терминот што ми припаѓа во Отворената програма. Денот ми почнува во 8 часот, нешто пред 10 сум на работното место и се подготвувам за емисија.

Некаде по 13 часот сум во етерот, а по емисијата се подготвувам за наредниот ден. Петокот е предвиден за колегиум и за договарање гости за наредна недела.

Вечерните часови и викендите се секогаш резервирани за семејството и за најблиските пријатели. Тоа е време кога максимално уживам и се опуштам од сите стресови што ги носи програма во живо, затоа што без оглед колку и долго да работиш пред екраните одговорноста пред гледачите е огромна и моја обврска е секогаш да бидам подготвена за секоја ситуација.

Денот завршува во кругот на моето семејство, со ќеркичката и сопругот Александар. Во прераскажување на како минал денот и што се плановите за утре. Неизбежно е играњето, цртањето со Нела. Во тоа вистински уживам и се релаксирам.

Најубава глетка ми е кога ги гледам сопругот и ќерка ми како уживаат во нивната игра. Како шлаг на денот ми е гушкањето пред заспивање со мојата принцеза. Тоа ни е секојдневен ритуал, да заспиваме и се будиме со прегратка и бакнежи, истакна Бубе во едно неодамнешно интервју.

Таа се огласи на својот профил на фејсбук со убава причина и притоа напиша:

01.10. 2008 е денот кога и официјално ја добив шансата да се покажам и докажам во Канал 5 телевизија. Оттогаш минаа 12 години.

Во телевизијата секој ден е нов предизвик, ново докажување без оглед на годините минати пред камерите. Секој ден значи професионалност и одговорност, макар и да те гледа само еден гледач-тоа е едно од правилата на телевизиската магија.

Публиката од другата страна е немилосрдна. Влегуваш во неговиот дом, а тој одлучува дали ќе те прими на гости во зависност од начинот на кои му ги кажуваш нештата, од начинот на кој го гледаш и му се насмевнуваш.

Се трудам да бидам секогаш максимално одговорна и посветена. Да бидам на ниво и максимално да ја оправдам довербата дадена од секој гледач кој седнал пред малиот екран и решил да посвети дел од неговото драгоцено време, вклучен на фрекфенцијата на Канал 5.

Се надевам дека ја оправдувам Вашата доверба. Простете доколку некогаш не ми бил денот. Се случува, програма во живо е.