Home Живот Анастасија Деа: Пред да ме хејташ мене како мајка, размисли дали и...

Анастасија Деа: Пред да ме хејташ мене како мајка, размисли дали и ти би го правела истото

Анастасија Деа Богдановска важи за една од најшармантните и најхаризматични водителки во нашата држава. Таа за многу кусо време успеа да ги освои срцата на гледачите, пред сè на утринските емисии.

По извесно време во утринската програма на Канал 5 телевизија, Деа се пресели на нова адреса, односно доби ангажман во новата емисија насловена „Фронт“ , каде секој работен ден беше во комуникација со гледачите на различни социјални теми.

Потоа таа одеднаш во свој статус на социјалните мрежи, се поздрави со гледачите на Канал 5 и објави дека повеќе нема да ја гледаат на таа фреквенција. Но истовремено најави дека сепак ќе се дружи со нив.

Набрзо потоа, беше обелоденето дека Анастасија Деа Богдановска станува уредник во Алфа телевизија. Во меѓувреме, Анастасија се омажи со својата љубов, Богдан Илиевски, а летово тие станаа родители на Дениција.

Анастасија често преку статуси на социјалните мрежи ги изразува своите чувства. По повод 8. Март, денот на жената, таа упати силна порака, дека ова не е само празник на мајките:

,,Фала ви на сите за честитките за 8ми март. Да сте секогаш со дигната глава жени-богињи. Нека е среќен денот на жената, не смо денес, туку секој ден. Оти без жена нема живот. Во секоја смисла на зборот.

За жал, има такви кои денеска честитаат ден на мајките. Со големи букви и промоции. Не е ден на мајките, ден на жените е. Оти не значи дека ако не си мајка, не си жена.

И утре не заборавајте дека сте исто толку вредни. И дека цвеќе заслужувате и за 10 дена од сега и не само за денот на вљубените и не само за роденден. И треба почесто да излезгувате со пријателките и колешките. Не само денес. Не се озборувајте од утре и не си правете “сопки”.

Доста ни се оние кои и така секој ден ги прескокнуваме. Не се заборавајте себе си во секојдневието и многуте обврски. Најдете време за себе исто како што наоѓате за вашите сакани. Заслужуваме. Многу повеќе, напиша Деа.

Ова лето, Анастасија ја донесе на свет малата Дениција. Радосната вест на социјалните мрежи ја пренесе нејзиниот сопруг, Богдан Илиевски.

Анастасија повторно се огласи со статус, во кој објасни колку е тешко и колкава жртва бара мајчинството, но истовремено и колкава убавина е тоа:

“Мама, кога ти велат дека можеш да спиеш додека спијам јас, те лажат” – нема поточно.

Вистината е дека нема да спиеш, затоа што ќе имаш “милион” други работи кои ќе треба да ги направиш. Ако имаш кој да ти помогне, ќе си најсреќна.

Но во часовите или деновите кога нема помош, ќе бидеш среќна ако имаш време да седнеш и да се напиеш вода на раат. А ќе ти се пие вода. И тоа многу! … Додека спие, дооолго ќе набљудуваш како дише (и дали дише/ колку и да звучи параноично, ама и тоа (ќе) го правиш).

Те лажат за ова и не ти кажуваат, дека нема да мислиш на твојот сон и на спиењето, туку на оние мали ангелски насмевки кои ги прави додека мирно спие. Ќе се будиш само за да ги гледаш.

Те лажат и кога ти велат дека во родилиштето ќе ги оставиш вишокот кг и дека за неколку дена/недели ќе се вратиш во форма. Јас “оставив” само 6 кг, од кои Дениција тежеше 4 кг. Значи само минус килограмите од бебето и плодовата вода.

Те лажат за ова и не ти кажуваат дека иако ќе си со повеќе кг, ќе си го сакаш телото повеќе од било кога и ќе си му бескрајно благодарна затоа што на свет донесе нов живот.“

Вчера Деа, по малку револтирана од веројатно некој непријатен коментар, во врска со објавите на фотографии со своето дете, напиша:

„Пред да ја “исхејташ” мајката која според тебе пречесто објавува фотографии од своето дете, имај на ум дека можеби и ти би го правела истото да си на нејзино место.

Ќе речеш ” Не јас нема да правам така…” ама не би знаела дали би… А и не ја знаеш нејзината приказна, можеби со години и години го чекала тоа дете.

Пред да ја осудиш мајката која пак умешно го крие своето најмило, знај дека апсолутно е нејзино право да одлучи како и што ќе објавува на социјалните мрежи.

Пред да ја исмеваш мајката која си ја сретнал/а низ град и на која и покрај маската и’ се познаваат црни кругови под очите, па да искоментираш:

“Како бе не нашла време да се исчешла…” имај на ум дека единствено што и’ било важно е да го подготви детето на време, иако спиела само 3-4 часа вечерта.

Пред да ја озборуваш мајката која секогаш е нашминкана, “Да наоѓа време за детето, како што наоѓа за себе…. ” имај на ум дека можеби маскарата која ја става ја прави да се чувствува посамоуверено, покрај вишокот кг кои се уште ги нема намалено по раѓањето.

Пред да етикетираш било која мајка, имај на ум дека првенствено е мајка. И дека еден ден и ти ќе бидеш на нејзино место, или можеби веќе и си…

„Пред да донесете заклучоци, пробајте да одите по моите чевли“, вели Анастасија Деа Богдановска.