Home Вести Македонија Филипче и Пендаровски објаснија зошто во овој момент не се воведуваат карантински...

Филипче и Пендаровски објаснија зошто во овој момент не се воведуваат карантински мерки

Денес се одржа десеттата седница на Советот за безбедност. Членовите на ова тело на чело со претседателот, премиерот и министерот за здравство, ги дискутираа актуелната состојба, мерките и активностите што ги преземаат надлежните институции за справување со пандемијата.

Воведување на кризна состојба ќе значи дека на терен ќе може да се вклучи армијата и полицијата и да помагаат со ресурсите во здравствениот систем кој е сериозно притиснат од напливот на новозаразени пациенти со ковид 19 и од напливот на хоспитализирани пациенти на сите инфективни одделенија.

Воведувањето на кризна состојба ќе ја отвори опцијата приватните клиники и ресурси да бидат ставени во функција на справувањето со Ковид 19.

При кризната состојба која, според предлогот од Советот ќе трае 30 дена, главниот збор за носењето на одлуките ќе го има кризниот штаб.

Ако се донесе одлука да се продолжи кризната состојба подолго од 30 дена, тогаш Собранието и пратениците ќе го имаат главниот збор, односно ќе мора да го изласаат таквото продолжување.

Воведувањето на кризна состојба и полицискиот час не се поврзани, односно владата може и без кризна состојба да препорача полициски час, што засега се нема случено.

По завршувањето на седницата, Заев, Пендаровски и Филипче одржаа заедничка прес-конференција на која ги објаснија предложените мерки и одговараа на новинарски прашања.

Премиерот Заев се надева дека уште во текот на денешниот ден, до вечер, ќе се прогласи кризна состојба, поради потребата од менаџирање на капацитетите, поефикасно отколку што тоа сега се прави.

Со оваа одлука освен во јавното здравство, државата ќе има надлежност и во приватните болници, во делот кој е поврзан со пандемијата и управување со нивните капацитети, рече Заев.

Министерот Филипче рече дека ќе следи период во кој бројот на заразени ќе биде линеарен и ќе има голема потреба од зголемени здравствени капацитети, односно дополнителни болнички ресурси во смисла на кадар и кревети.

Претседателот Пендаровски напомена дека она што се однесува околу приватните болници, не значи дека тие ќе бидат национализирани или одземени. Приватноста е уставно загарантирано право, рече Стево Пендаровски.

Единствено што ќе се прави е тоа дека ќе се превземе менаџментот во приватните болници, но и ќе им се плаќа за тоа, но не повеќе од 30 проценти од пазарната вредност, рече претседателот Пендаровски.

Тој појасни и дека кризната состојба не значи и вонредна состојба, односно прогласување полициски час. Таква мерка доаѓа по предлог на комисијата за заразни болести, а не по предлог на Советот за безбедност.

Во делот од новинарски прашања, повеќето се однесуваа токму околу полицискиот час, односно популарно наречениот карантин. Зошто се уште кај нас не се воведуваат вакви мерки, иако гледаме дека бројките секојдневно растат и се многу високи?

Претседателот Пендаровски укажа дека класични карантински мерки, како што имавме ние пролетоска, кога во текот на 24 или повеќе часови не смееше да се излегува од дома, сега, нема ниту една земја во Европа, ниту во светот.

-Сега сме посикусни за разлика од пролетоска и сакам да ви напоменам дека вкакви класични карантински мерки нема, туку тоа се некакви варијации кои секоја држава посебно проценила дека ќе носат резултат, рече Пендаровски.

Министерот за здравство Филипче го надополни со укажување дека ние во моментов имаме мерки кои даваат резултат и веќе репродукцискиот број е намален на околу единица:

-Ние во моментов имаме забрана за работа на угостителски објекти после девет часот навечер. Времето е сега веќе постудено, што само оди во прилог на негрупирање во вечерните часови.

Ќе ве потсетам дека ние имаме мерка за нгрупирање, која важи и за целиот ден. Ние не исклучуваме и понакви мерки, па и полициски час, но во моментов овие мерки даваат резултат и репродукцискиот број е паднат и тој е само малку над еден, што е добар показател, рече Филипче.