Home Естрада (ФОТО) Ќерката на Карлеуша тргна по стапките на мама: „Сака...

(ФОТО) Ќерката на Карлеуша тргна по стапките на мама: „Сака сè, иста е како мене, вели Јелена“

Изгледа дека постарата ќерка на Јелена Карлеуша, Атина Тошиќ, не е единствената што ги следи чекорите на својата славна мајка занимавајќи се како модел. Иако сите мислеа дека помладата Ника личи на популарниот татко, фудбалерот Душко Тошиќ, па затоа тренира фудбал, сепак не е баш така.

Имено, популарната пејачка објави фотографија со ќерките, а коментарите од фановите само се нижат под неа.

Најголем број пофални зборови доби помладата ќерка Ника, која беше побуцкаста од сестра си, но сега и тоа се смени, па веќе не излега така на големо изненадување на обожавателите на ЈК. Малава кога ќе порасне ќе биде вистинска заводница“, гласи еден од многубројните коментари.

Атина Тошиќ е постара ќерка на поп-ѕвездата Јелена Карлеуша, а се чини дека е на добар пат да ја наследни добро позната мајка на социјалните мрежи за неколку години.

Имено, иако има само 12 години, оваа прекрасна девојка на Инстаграм и ТикТок веќе има околу 125.000 следбеници, а многу модни куќи кои се занимаваат со облека за девојчиња и тинејџери сакаат таа да ги рекламира.

На новите фотографии Атина позира во фармерки и патики, а нејзиниот горд татко Душко Тошиќ и напиша краток коментар:

– Убавата на тато!

Јелена неодамна за српски телеграф истакна дека сè што ја научила нејзината поко-јна мајка Дивна, сега им го пренесува на нејзините наследници Атина и помладата Ника.

-Атина не знае дали ќе биде одбојкарка, танчерка, модел, актерка … сака сè, значи се метнала на мајка и – рече неодамна Јелена.

Да потсетиме, Атина имаше искуство и како модел на модната ревија, кога ја даде својата прва изјава за медиумите, гордо откривајќи што ја советуваше нејзината мајка Јелена.

„Мама Јелена ми рече да одама исправено и да се смејам. Кога ќе пораснам сакам да бидам манекенка. Немам посебна желба за брендови кои би ги носела, сите се добри“, кажа Атина.