Home Вести Македонија Гранде Пандев не пушти на најјако – радувајте се Македонци, одиме на...

Гранде Пандев не пушти на најјако – радувајте се Македонци, одиме на ЕП

Македонската фудбалска селекција испиша историја. За првпат се пласиравме на едно ЕП откако вечерва среде Тбилиси славевме над Грузија со резултат од 1-0.

Македонија на мегдан на Грузија во финалето на Лигата на нации истрча со формација 3-5-2 во која Бејтулаи ја сочинувше последната линија, заедно со Муслиу и Велковски.

Во нападот шанса добива од првата минута Несторовски, а на клупата останаа Тричковски, Трајковски и Стојановски.

Она што се очекуваше, во Тбилиси Грузија и Македонија играат борбен натпревар, без премногу сериозни шанси и по првите 45 минути мрежите на стадионот „Борис Паичадѕе“ мируваат (0-0).

Вајс и Ангеловски беа доста претпазливи, па никој не презеде сериозен ризик на стартот. Играта воглавно се одвиваше во средината на теренот, а Грузија правеше мал притисок со играта преку крила каде Алиоски и Ристовски солидно си ја вршеа задачата.

Голманите Лориа и Димитриевски немаа премногу работа, немаше ниту еден шут во рамки на голот и на двете страни, а прва зададе удар Грузија, која почна да се заканува во средината на првиот дел.

Главна опасност во нападот на противникот беше Торнике Окриашвили, кој се обиде да ја смести топката во македонската мрежа двппати.

Првиот обид на Грузија беше во 27. минута, ама Димитриевски беше поставен на вистинското место, додека вториот во 29. минута профуче веднаш над пречката на македонскиот гол.

Македонија ја имаше најдобрата шанса, преку Горан Пандев, кога во 34. минута биеше со глава, ама Лориа со глава изби во корнер и спаси чист гол.

Македонската фудбалска репрезентација дури по 35-та минута успеа да се ослободи од притисокот што го носи вечерашното финале во Тбилиси и малку фалеше на полувреме да замине со позитива од 0-1.

Најголем „виновник“ за тоа е домашниот голман Лориа, кој во 33. минута со пантерска одбрана успеа да спречи ЕВРОГОЛ со глава на нашиот капитен Горан Пандев. Фудбалерот на Џенова по еден центаршут на Алиоски од голема далечина биеше прецизно со глава, но Лориа со одлична парада ја исфрли топката во корнер.

Фудбалската репрезентација на Македонија дојде до предност на гостувањето кај Грузија (0-1) благодарение на погодок во раната фаза од второто полувреме.

По една супер-акција, до погодок дојде најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев. Грузијците капитулираа по неколку додавања пред голот и Македонија прва го зададе ударот во финалето, што се покажа дека беше решавачки момент за пласман на ЕП.

Радувајте се Македонци!