Home Вести Македонија Стевчо: Спремен сум да се кладам дека по завршување на изборите во...

Стевчо: Спремен сум да се кладам дека по завршување на изборите во Штип, Заев ќе воведе карантин

Стевчо Јакимовски: „Заклучно со вчерашниот ден од КОВИД-19 починаа 1511 лица. Да потсетам, на крајот на Ноември имавме околу 900 починати.

Месецов не е завршен, а ние готово да ќе ја дуплираме бројката која ја направивме во изминативе седум и половина месеци. Во месец Ноември се случи дури 40 жртви на овој вирус во еден ден. Ако случајно паднеше авион и погинаа 40 македонски граѓани ќе имаше ден на жалост.

Оваа трагедија власта си ја покри со наградата што ја доби Заев од неговите братучеди претставени преку фондацијата Фридрих Еберт.

Тоа е исто како кога претседателот на ЛДП, Горан Милески да добие награда од Фридрих Науман или Мицковски од Конрад Аденауер. Луѓе си умираат, а тие си се задоволуваат со награди и тоа за човекови права.

Но да се вратиме на короната! Во Ноември готово да немаше ден, а да немавме 20ина поч-инати. До крајот на месецов се очекува битката со Корона вирусот да ја загубат уште 200 наши сограѓани, а ако продолжи оваа динамика 2020та ќе ја испратиме со над 2500 жртви. Тоа е скоро двојно повеќе од погинатите во скопскиот земјотрес во 1963 година.

Владата предводена од СДСМ очигледно дека не превзема ништо. Главната причина зошто се однесува вака готово индиферентно и овие трагедии ги покрива со медиумските полтрони се изборите во Штип.

Спремен сум да се кладам дека веднаш по завршување на овие избори Заев ќе воведе карантин. Никакви други образложенија, изговори не се во игра освен небитните избори во Штип. Ова само покажува колку забега оваа власт.

Спремна е да гази и преку лешеви за да дојде до целта но убеден сум дека на крај сето ова многу скапо ќе го чини СДСМ. 2500 жртви се 2500 судбини уште толку семејни трагедии и она што е најстрашно граѓаните веќе гледаат дека ѓаволот ја однел шегата, а владата демонстрира само немоќ, насилие, дневна политика и гола пропаганда.

Жртви на секој чекор, по 2-3 часа роднините на починатите од КОВИД чекаат на ред во погребално Бутел за да ги платат трошоците за посмртните останки од најмилите, а СДСМ тогаш ги решава најкрупните политички прашања и тоа во надворешната политика: Идентитетот, јазикот, историјата.

П.с. Поч-инатите мора да се погребаат во лимен сандак кој мора да го плати семејството, а чини 200 евра. Барем лимениот сандак можеше да го плати државата како дел од онаа потрошена 1 милијарда евра.“