Home Живот Утринска на „Телма“- секој на своја страна

Утринска на „Телма“- секој на своја страна

Елена, Цеце, Марко и Гоце се познати како „Утринците“, најпозитивната ТВ екипа која до лани ја водеше „Утринска на Телма“. Луѓето ги сакаат токму поради нивната позитивна енергија која ја пренесуваа и на гледачите.

Утринците лани летото, на Фејсбук објавија дека програмата веќе нема да се емитува , со емотивен статус. „Со најтажно срце поради вас, нас, нашата љубов и конекција која ја создадовме единствено со душа и целосно уживање, мораме да соопштиме.

Најдраги наши пријатели, другари, почитувачи на нашата работа и на сето тоа што го правевме во изминатите 3 години сакаме да ве известиме дека ‘Утринска на Телма’ од септември нема да оди во етерот. Причините се познати на менаџментот и управата на Телма телевизија.

Како и да е, сакаме да ви заблагодариме за целата поддршка и љубов што постојано ја добивавме од вас. За сите заеднички кафиња наутро, за целата прекрасна енергија која взаемно си ја праќавме, за насмевките и убавините поминати во 4-часовното шоу во живо.

Ние ќе наздравиме за сите вас, ќе ви посакаме да сте и понатаму така прекрасни и среќни, а со нас се гледате во некоја друга форма без разлика дали телевизиска или поинаква.

Со почит и многу љубов вашите утринци: Елена, Гоце, Марко и Цеце“. Вака лани симпатичната четворка напиша на Фејсбук.

Потоа, следуваа многу остри реакции од познатите личности против оваа одлука на менаџментот на телевизијата. Пеце од „Суперхикс“, Викторија Лоба, Сара Мејс и Димитар Атанасовски, тенисерот Предраг Русевски беа дел од оние што реагираа.

По реакциите, водителите останаа на „Телма“, но ги поделија во по две сосема сосема нови емисии: Елена Митева и Гоце Андреевски ја водеа „Црвена линија“, а Цеце Трајковска и Марко Марк  „Забавен магазин“ .

Сега се секој на своја страна, иако приватно уште се дружат. На Гоце му се посреќи, и си замина од „Телма“, тој стана портапорл на МВР.

Елена Митева пак, поранешната сопруга на актерот Висар Вишка , работи во Владата, таа си замина од ТВ „Телма“ пред неколку месеци.

 Цеце во моментов паузира од Тв ангажманите. Таа објави убава вест, дека е бремена и носи машко дете. „Се вљубив во моето стомаче“, напиша на Инстаграм.

За сега, на „Телма“ остана само Марко Марк, тој сам ја води емисијата, затоа што Цеце поради состојбата во која што се наоѓа треба да внимава на вирусот.

Беа одлична екипа, а сега се секој на своја страна, но се надеваме дека можеби пак некогаш оваа четврока ќе се спои на ТВ екраните.