Home Живот Диџеј Мац им се обрати на своите фанови

Диџеј Мац им се обрати на своите фанови

Диџејот Марјан Петровски Мац е еден од нашите јавни личности кои секогаш прави хумани дела. Марјан има учествувано во многу акции за собирање храна, и има пуштано музика на многу хуманитарни забави.

Мац, кој e по професија лаборант, поради лошата состојба со вируот во забавната индустрија ѝ се врати на својата примарна професија. Пред извесно време, тој се огласи на социјалните мрежи и преку својот профил на Фејбук сподели статус во кој рече:

„Први сте во кафаните, кафичите и дискотеките. Први сте да ви свират со виолина или дувачки инструмент на увце, први сте да ви застане пеjачот до вас и пее до вас, па онда следи сториња еден тон како пее до вас застанати.

А ВИЕ СРЕЌНИ НАСМЕАНИ ПЕЕТЕ СО НЕГО. Први сте за журка на диџеј, па со телефонот нарачка од јутуб МОЖЕ ЛИ ОВАА. први сте за ЗАБАВИ ОД НОЌЕН ЖИВОТ НЕЛИ ?

Лепите пари од што уживате и ви е најубаво ,па нарачки песни за меракот ваш, па први сте да скрш-ите чаша на Џурџевдан или кренете раце горе на јака хаус трака.

АМА СЕГА СТЕ ПРВИ ДЕКА НИЕ СМЕ СРАМ, НЕ ЧИНИМЕ, НИЕ СМЕ БРУКА .. НИЕ СМЕ БЕЗ ОСЕТ, НИЕ СМЕ ВИНОВНИЦИТЕ ЗА ВИРУСОТ .. па уште што не сме најлошото.

Извинете што имаме фамилии, извинете што имаме некој талент или дарба за музика, извинете што го сакаме она што го работиме, а секако ВИЕ повеќе уживате додека ние го даваме најдоброто од нас.

И на крај кога ќе заврши ова Вие пак ќе трчате први во горе наведените места и ќе се фалите како го знаете пеачот или диџејот. Мац повторно со емотивен статус ги замисли неговите пријатели:

„Денес емоции ме прегазуваат … ми фалат тие ноќни клубови,кафичи и барови. Ми фали позитивна енергија,гласна музика,да пееме,да играме да скокаме … ми фалат проклето тие денови … не знам уште колку ќе треба вака но здравјето е пред се нормално …

Амааа полесно ми е ако си напишам и се искажам … заедно ги имавме тие денови,заедно ги поминувавме до утринските часови..смеење и зезање аххх .. па да го попуштам тоа озвучење до крај да болат ушите ама болеа позитивно и незаборавно .. спомени изградени во секое гратче посебно …

Скопје, Радовиш, Струмица, Штип, Кочани, Битола, Прилеп, Неготино, Куманово, Велес, Делчево, Крушево, Свети Николе. МИ ФАЛИТЕ ДЕЧКИ .. МНОГУ МНОГУ …

Ќе мора да издржиме заедно и повторно еден ден да ПЕЕМЕ ВО ЕДЕН ГЛАС,ИГРАМЕ СКОКАМЕ И РАДУВАМЕ … Ве сака искрен ваш Диџеј Мац“.