Home Естрада Анета Молика му честиташе роденден на Диме од Шведска

Анета Молика му честиташе роденден на Диме од Шведска

Кога ќе се спомне Анета Мицевска или попозната во јавноста како Анета Молика, секогаш се наидува на одобрение кај публиката. За Анета слободно може да се каже дека е најдобриот глас на фолк естрадата, впрочем тоа го кажува и самата публика.

Анета не е многу присутна на социјалните мрежи. Но сепак, таа споделува информации поврзани со нивната музика, како и со музичките ангажмани.

Анета Мицевска Молика, во својата долгогодишна кариера, се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада. Токму вокалот е нешто што ја краси најмногу, иако и нејзиниот физички изглед е за десетка.

Нејзиниот талент бил забележен уште на рани години, а мајката на Анета, госпоѓа Лиљана Љумаковска во интервју за Свет Аустралија проговори за детството на пејачката.

„Анета како дете беше многу мирно и скромно дете. Од најрана возраст, велам најрана затоа што беше многу малечка се уште одеше во градинка, сакаше да пее. Имаше околу три години кога забележав дека пее интонативно точно.

На 9 годишна возраст ја пријавив на популарниот детски фестивал „СИ-ДО“ каде конкуренцијата беше голема. Анета на аудицијата ја отпеја песната „Свирејте ја зајди зајди“ од Олгица Христова.

Изминатиот период бидејќи нема настапи поради короната, Анета го искористи слободното време за физички активности и поминуваше доста време во природа.

Анета умешно знае да се носи со годините, па мора да признаме дека изгледа доста младолико за нејзините години и одржува форма.

Познато е дека поради актуелната ситуација, музичарите се едни од најпогодените, поради што се ускратени од можноста да работата. Од овие причини се соочуваат со финансиски загуби.

Дел од музичарите веќе започнаа да бараат друга работа, или  да работат алтернативно, за да може да дојдат до финансиски средства. Но дел од нив се уште одмараат и тоа знаат како да го искористат.

Едни од нив се и сопружниците Анета Мицевска и Џими Мицевски од групата Молика која важи за една од најпопуларните и најпознати музичка група во нашата држава.

Анета и Џими знаат како да го пополнат слободното време кое што сега го имаат во изобилство и притоа уживаат во природа, но и по дома во опуштена атмосфера.

За потсетување, минатата година, Анета Мицевска, вокалистка на групата „Молика“ и нејзиниот сопруг Џими, фронтмен на групата, го отворија својот ресторан „Вила Молика“ во Битола и сто тоа самите влегоа во угостителскиот бизнис.

Ако кажеме дека Анета и Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас, нема да погрешиме. Апсолутно секој викенд им беше букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнеа сали и распородаваа концерти како од шега, зборуваме за периодот пред ситуацијата со вирусот.

Џими на својот профил на фејсбук покажа дека тие не можат без музика, па по дома во опуштена атмосфера упатија честитка во која се вели:

-За среќен 40-ти роденден на легендата од Гетеборг, Шведска, Диме Ангеловски. Да ти се множат братче. За тебе специјално ова видео, ама без плачење!