Home Естрада Гавазова раскажа за несудениот прстен

Гавазова раскажа за несудениот прстен

Една од нашите најпопуларни пејачки и во Македонија и во дисапората е секако Сузана Гавазова.

Таа на вистински начин знае да донесе македонска народна песна со нејзината интерпретација но и да исппее авторска песна.

Како и сите музички изведувачи, така и Сузана Гавазова не може да има настапи непосредно пред публика поради марките за заштита од вирусот.

Но, затоа може да им запее на обожавателите преку ТВ екраните и да гостува на телевизиски емисии.

За популарната македонска фолк пејачка Сузана Гавазова, ниту еден ден не е потрошен без забава и моменти кои ја исполнуваат.

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите.

Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.

Забавите се оставени за некои подобри времиња кога на короната ќе и кажеме збогум, а дотогаш, Гавазова има свој начин како да си направи забава и да ги наполни батериите со она кое и го сака душата.

Сузаната Гавазова е мајка на две ќерки,Емили и Селена. Ќерките се само една година разлика, Емили има шест ипол години а Селена пет ипол.

Пред неколку дена, Гавазова прослави роденден. Облечена во тесен бел фустан со длабоко деколте, пејачката ги дувна свеќите заедно со ќерките во свот дом.

Голема торта на четири спрата беше розова со златно, а на неа имаше и ноти. Многу пријатели на социјалните мрежи ѝ го честитаа роденденот на Сузе.

Гавазова денеска повторно е актуела и по тоа по интересната приказна што ја раскажа во нејзината најнова песна.

Песната се вика „Прстен недусен“, а Сузана ја најави на необичен начин.

Прстен несуден. Уживајте драги пријатели со мојата најнова песна и спот.

Дадовме многу труд,време и голема љубов да го реализираме овој спот и песна..благодарност до сите кои учествуваа во спотот.

Среќна нова 2021 година.
Споделете ако ви допага песната.

Тој ми вети мајко, куќи и палати, сега друга зема,среќа нема
срцево што пати. А на друга сега тој ѝ дари прстен што се злати“, вели песната.