Home Естрада Елена на Гуте јавно му изјави љубов, фановите плачат

Елена на Гуте јавно му изјави љубов, фановите плачат

Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ, македонско – српската „Гранд“ двојка, уживаат во улогата на родители, во која за првпат неодамна се остварија, кога „штркот“ на свет им го донесе нивното синче, Максим.

Со секоја нова објава на социјалните мрежи станува јасно дека сега светот се врти околу малиот наследник, кој е главна преокупација на двајцата млади пејачи, особено на Елена, која речиси целото време му го посветува на својот син.

Сепак, секој слободен миг младото семејство го користи за да го мине заедно, а на задоволството и среќета во тие моменти им нема крај.

Впрочем, има ли нешто поубаво код тоа кога љубовта ќе ја крунисаш со брак, а заедничкиот живот ќе го збогатиш со потомство кое го исполнува секој дел од тебе и твојата душа?

Не случајно рекле: „Цело е кога имаш се’“!

Токму затоа среќните родители, особено мама Елена на секоја нова фотографија со малиот Максим се гледа дека „се топи од среќа“.

Елена, која својатра кариера ја започна настапувајќи по домашните фестивали со поп музика, на својот Инстаграм денеска најави:

Другари, вечерва е мојот настап во Звезде Гранда, шести пат по ред.

На својот Гуте, на романтичен начин таа му го честиташе роденденот на Инстаграм.

Елена објави среќни фотографии со сопругот и со синчето, во моментот кога Гуте ги дувна 29-те свеќички.

„Еј ти. Tи благодарам што си најдобриот животен партнер, најдобриот татко, најдобриот пријател.

Нема да зборуваме за желби тука, ти најдобро знаеш што ти посакувам. Среќен роденден. Те сакам бескрајно“.

На оваа порака реагираа нивните фанови. „Ау, ќе заплачам“, вели еден коментар.

Фото: Инстаграм