Home Вести Македонија Јоци: Оливер, реши го проблемот, или па да му се јавам на...

Јоци: Оливер, реши го проблемот, или па да му се јавам на Буши – заменикот твој можда е поагилен

На новинарката Јорданка Ивановска Јоци и дојде преку глава да се користи нејзиното име од страна на рандом луѓе, кои имаат креирано страна на социјалните мрежи и доведуваат многумина во заблуда:

„Јавно го повикувам Министерство за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски да почнат да си ја вршат работата и да укинат 30 лажни веб страници на Фејсбук кои шират меѓуетничка ом-ра за со месеци, ксе-нофобија, алб-анофобија и што не, а Спасовски за нив знае.

(Фан клуб Луда Јоци, Види види, Налет да се сторите, Kukuzel, Слобода или см р-т, Секула војвода фан клуб…). Не само што и тој и цело СДСМ знаат за овие фб страници, туку и спијат!

Еден од тие ла-жни профили, го има укр-адено мојот идентитет и во мое име шири лаги, клевети луѓе, поттикнува ом-раза. Пријава до МВР поднесов уште во септември 2020.

И не само тоа. И пари им бараат на луѓе во вид на ре-кет!!Спасовски, уште си министер?

Што правите, бе, луѓе? Чекате јас да ви ги вршам вашите работи? Веќе се собравме јас и десет Албанци, кои, овие ги вреѓаат. Сакате да одиме да ви ги донесеме за уши од Прилеп, Битола, Скопје…?

Што викаш Оливер, да ти ги донесеме ние во кабинет, а ти да пиеш ви-ски и да го замолкнуваш заменикот Буши? Ако не па, на Буши да му се јавам, верувам поагилен е од тебе.

Досега требаше да викнете минимум 30 луѓе од она движење ,,Бојкотирам”, чии постови ги шеруваат и делат исти ставови. И да ги прашате овие ликови што знаат околу овие 30 лажни профили (кои меѓусебно се шеруваат) и да поднесете пет кривични пријави минимум и да скапат во за-твор!

Ова е доброорганизирана и платена мрежа која работи 24/7 и каде веројатно ,,членуваат” минимум стотина луѓе. Никој не би седел на столче толку посветено, без да земе воздух со месеци и години, ако некоја странска мрежа не кешира добро и во чиј интерес се меѓуетнички конфликти во земјава.

Секој ден ќе го прозивам Спасовски, додека неговиот оддел за сајбер криминал не ги пронајде овие луѓе, нивните шефови, организаторите и не им поднесе кривични пријави.

А, ќе му се јавам и на Буши, па да видиме кој е вистинскиот министер на полиција, а кој се слика пред камери. Да видиме кој за 2 дена ќе ги најде.“