Home Вести Дијаспора Летот на Белградскиот аеродром и бил откажан и не и дозволувале да...

Летот на Белградскиот аеродром и бил откажан и не и дозволувале да излезе од терминал

Порталот на Канал 5 телевизија, сподели неверојатна приказна од како што велат патничка, која со нив споделила што и се случило на Белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

Крајно апсурдна ситуација се случи вчера на аеродромот „Никола Тесла“, а една „учесничка“ на овој настан сподели со нас сè што требаше да помине за да се врати дома во Сараево.

Д. Ѓ. дошла во домот на нејзината сестра во Белград со авион пред новогодишните празници, со негативен ПЦР тест. Таа имала повратен билет и требало да се врати во Сараево вчера. Летот бил закажан во 14:40 часот.

Дошла до транзитната зона и го чекала својот лет кога дознала дека е откажан и дека следниот е за два дена. Сепак, ситуацијата немаше да биде толку страшна ако не и кажеа дека сега не може ниту да се врати кај својата сестра, ниту да оди дома!

– Додека го чекав летот, еден службеник на „Ер Србија“ ми пријде и ми рече дека летот е откажан поради магла и снег. Кога ми рече дека следниот е дури во недела, помислив „супер, ќе поминам уште два дена со сестра ми“.

Меѓутоа, тогаш тој ми рече дека не можам ниту да се вратам кај неа затоа што немав ПЦР тест – раскажува Д.Ѓ, а пренесува Канал 5.

Причината за тоа, како што објаснија, е фактот дека таа заедно со уште 10 патници кои го чекале тој лет била во транзит и затоа не можела да се врати во Србија без тест и покрај тоа што авионот не полетал.

-Бев бе-сна, буквално 15 чекори ме делеа од Србија, и не можев да сторам ништо. Прашав дали може да ме тестираат, тие ми одговорија не. Се јавувавме во Министерството за надворешни работи, никој не ни се јави… Во исто време, ни дадоа 12 часа да ја напуштиме Србија – објаснува нашата соговорничка.

Единствената опција што им ја понудиле е да обезбедат автобус кој ќе стигне до аеродромот за да ги однесе до Сараево. И тогаш апсурдот станува уште поголем – додека овие 11 патници го чекале автобусот, излегле пред аеродромот, па влегле во Србија без ПЦР-тест!

-Го чекавме автобусот до 16.30 часот. На крајот, дојде некое комбе да нè земе и патувавме околу 10 часа. За да бидат работите уште покомплицирани, во Сараево од 23 часот има полициски час. Веднаш знаевме дека поради снегот нема да стигнеме до тоа време…

Возачот не сакал да ги вози по адресите, туку само по делови од градот, но барем немале никакви проблеми иако биле надвор за време на полицискиот час.

Што се однесува до повратот на пари за авионскиот билет, никој не знае што да каже.

За среќа, нашата соговорничка пристигнала безбедно дома, иако после многу часови доцнење и со искуство што сигурно нема да сака да го памети.

Извор: Канал 5