Home Живот Беше најголема љубов на Тоше: Што прави сега убавата Благица Мицова?

Беше најголема љубов на Тоше: Што прави сега убавата Благица Мицова?

За нашата најголема музичка ѕвезда, Тоше Проески велат дека имал две големи љубови. Познато е дека Тоше долги години беше во врска со ракометарката Андријана Будимир.

Но, негова долгогодишна љубов е и манекенката Благица Мицовска, со која Тоше беше уште во средношколските денови.

Нивната љубов, сиако со прекини траеше осум години.

Благица во една прилика има изјавено дека сите спомени за Тоше ќе ги чува за себеси, и дека од почит кон него и кон семејството, никогаш нема да проговори за нивниот однос во јавноста.

Во 2014 година, Благица се омажи за бизнисменот Виктор Ристовски, кој е брат на тогашниот министер за образование и наука Спиро Ристовски.

Сопругот на Благiца многу си ли;и со својот брат. Свадбената веселба се одржала во хотелот “Континентал” во Скопје, во присуство на бројни личности од јавниот живот на Македонија.

Како дел од гостите биле фолк-пејачката Елена Велевска со поранешниот сопруг Маријан, пејачката Сања Лефкова, актерот Тони Михајловски и многу други. Гостите ги забавувал поп-пејачот Ѓоко Танески.

Во тоа време, медиумите пишуваа дека тогашниот министер министерот Спиро бил еден од најрасположените гости.

Старосватица на невестата и била нејзината пријателка, поранешниот модел Викторија Јаначковиќ. Бизнисменот Пере Јованов, познат во Неготино како Доди ал Фаед, ги запознал убавата неготинка и неговиот пријател од Скопје.

Сега, Благица е среќна мајка на две деца. Синот кој се вика Александар, ова лето ќе наполни седум години. Ќерката Софија има три години.

Благица е сега посветена мајка и сопруга. Позната е како голема хуманитарка, која често се вклучува во акции за помош на болни деца. Со семејството на Тоше останала во коректни односи.

Мицова се откажа од манекенската кариера, се пресели од Неготино во Скопје и работи како менаџер на Националната групација за судски вештачења, а сопругот е сопственик на фирма за мебел.

Фото: Фејсбук на Благица Мицова- Ристовска и Јутјуб принтскрин