Home Естрада Газдата на Пинк за опклада ја смени професијата и воведе нов закон...

Газдата на Пинк за опклада ја смени професијата и воведе нов закон за кој зборува целиот регион

По шесте големи хитови со мултимилионски прегледи на YouTube, за кои регионалната сцена не можеше ни да помисли дека ќе се случат, Жељко Митровиќ и неговиот бенд „Monx“ направија нов хит – „Новиот закон“.

Овој седми хит на Жељко и на неговиот музички тим успеа да пол-уди милиони слушатели но и познавачи на музика кои имаат само пофални зборови, пренесува порталот на телевизијата на Митровиќ, Пинк.рс.

Затоа, вели порталот, не треба да биде изненадувачки што „Новиот закон“ буквално ги руши сите музички граници.

За потсетување, Митровиќ прифати интересен облог и предизвик од српската музичка заедница. Како што му доликува – тој многу сериозно ја сфати ситуацијата и со неговиот бенд „Монкс“ и снимаше во студио 30 недели а секоја песна ќе има свој видео запис.


Пинк.рс за својот газда вели дека тој не е само обичен бизнисмен, и овој пат тој сака да го искористи својот талент, со помош на внимателно одбрани музичари, на најдобар можен начин – и тоа го докажа и овој пат, со новата, седма песна „Нов закон“!


Се прашувате зошто бендот „Монкс“ е толку посебен? Жељко Митровиќ, како искусен музичар, не собираше само музичари кои го претставуваат бендот „Монкс“.

Oвие претежно млади луѓе полни со иновации, идеи и ентузијазам совршено се комбинираат со неговиот визионерски креативен карактер.

Toj не само што знае што сака од секоја следна песна, туку и од секое следно видео.

Всушност, како и сè што е преземено – Митровиќ едноставно му се дава целосно на проектот.

Па, затоа и очекува тој квалитет да бидисплатлив и за него да се зборува.

За помалку од 24 часа, хит синглот „Нови закон“ ја надмина неверојатната бројка од еден милион слушања на ЈуТјуб.

Фото: Јутјуб и Инстаграм принсткрин