Home Живот Кили си најде работа во Еквадор и живот си живее

Кили си најде работа во Еквадор и живот си живее

Кирил Поп- Христов Кили е една од нашите најмаркатни јавни личности, такентиран актер со свој став и сопствен изграден стил.

Кили и неговото семејство тешко ја преживуваат изолацијата и економската криза која ја донесе корона вирусот во Еквадор, каде што живеат неколку години.

„Седум месеци социјална дистанца, изнегнување присен контакт, и тоа продолжува дури се казнува за да се истренираме за новата нормалност“, напиша сопоругата на Кили, гордана Деена Поп- Христова на Фејсбук летово.

Во една прилика, таа напиша: „Овие месеци преживуваме од парите што ни ги праќаат пријателите.“

Кили и сопругата со Еквадор заминаа со помалата ќерка Јоана, која пред две години се омажи за Родригез Сориа Хосе Луис.

Минатата година, Јоана роди машко дете, кое го носи и прзимето на бабата, се вика Аниш Круз Родригез Деан.

Гордана често објавува слики од својот постар внук, но за жал немаше среќа во живо да го види помалиот внук Каи, од ќерката од првиот брак, глумицата Нина Деан.

Но, една од последните објава на Кили е мошне интересна. Тој објави видео од „една билка“ која ја посадил во неговиот двор.

„Дами и господа, другари и другарки, доживеав јас да се појави еден мудар човек од југоисточните краеви на нашата земја, да одржи нешто што јас го барам 41 година.

Е, друже мој, она ме одржала, њојзи хвала. Ја гледате ли моја Гертдруда? Таа е повеќе од убава“, вели Кили во видеото на кое е прикажан кан-абис.

Новата објава на Кили покажува дека тој живот си живее во Еквадор. На сликата, Кили е изгледа во природа, и ја напишал познатата поговорка: Кој работи, не се плаши од глад.

Изгледа дека Кили си нашол работа во Еквадор, која му носи добар приход.

Фото: Фејсбук и Јутјуб принскрин