Home Вести Дијаспора Од Германија пристига оптимистичка најава за оние што сакат да патуваат на...

Од Германија пристига оптимистичка најава за оние што сакат да патуваат на лето

Германија, на почетокот на февруари, нема да може да ги укине сите мерки воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти министерот за здравство Јенс Шпан, нагласувајќи ја потребата од дополнително намалување на контактите со цел земјата да се одбрани од позаразниот нов вид на корона вирусот.

-Едно е сега сигурно, на 1 февруари нема да биде можно да се ублажат сите ограничувања што се во сила, рече Шпан денес за германското радио „Дојчиланд Фанк“, додавајќи дека ќе бидат потребни уште два-три месеци да се видат ефектите од кампањата на вакцинација што се спроведува, пренесуваат британските медиуми.

Германскиот таблоид „Билд“ вчера објави дека канцеларката Ангела Меркел, на состанокот со пратениците од нејзината партија, кажала дека сегашното затворање може да потрае до почетокот на април.

Германскиот кабинет денес, треба да се состане за да ги одобри построгите контроли врз лицата кои влегуваат во земјата, откако минатата недела беше засилена националната блокада и беше продолжена до крајот на јануари.

Новите правила ќе наложат луѓето кои доаѓаат од земји со голем број случаи на зараза или каде што има нов, позаразен вид на веќе циркулирачкиот коронавирус, да направат тест за Ковид-19.

Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“ (РКИ) денеска јави за 19.600 нови инфекции, а бројот на см-ртни случаи се зголеми за 1.060 и сега изнесува 42.637, се наведува во соопштението на институтот.

Германската Влада смета дека нормализирање на туристичкиот пазар пред летото ќе биде тешко, изјави неодмана портпаролот на германското Министерство за економија.

Мислам дека следните два до три месеци ќе биде тешко да се замислат патувања, изјави германскиот владин комесар за туризам Томас Бареиш за германските медиуми.

Тој очекува туристичкиот пазар да почне да се опоравува во вториот квартал и целосно да заживее до летото што е оптимистичка најава.

На лето, според проценката на демохристијанскиот политичар, туристички патувања ќе бидат можни не само во рамките на Германија, туку и интерконтинентални патувања.

Ако навистина успееме да ги вакцинираме повеќето граѓани во вториот квартал, ќе имаме релативно безбедна ситуација кога станува збор за патувања, рече Бареиш.