Home Естрада Пет убавици на една спална: Фотографија од зад сцената на „Преспав“

Пет убавици на една спална: Фотографија од зад сцената на „Преспав“

Од пред крајот на минатата година, гледачите уживаат во авантурите на ликовите од популарната хумористична сероја „Преспав“.

Во новата, петта сезона се задржани истите ликови. Ула, која ја глуми Тијана Дапчевиќ, Коста- Игор Ангелов, Антонио- Игор Стојчевски, Инспектор Томе- Горан Стојановски.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тука се и Јелена- Јелена Јованова, Талат- Дритон Вејсели, Марио- Васил Зафирчев, Миле- Игор Џамбазов, Исаура- Емра Куртишова, Дончо- Владимир Тулиев.

Во оваа сезона, повторно во игра се врати и Владо Јовановски кој го глуми Мич, или Миле први Бузалевски, полу- братот на браќата Бузалевски. Нов лик е и Наташа Петровиќ, во улога на козметичарката Натали.

Пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во Македонија, во кои се прекршува балканскиот менталитет, од кој ликовите не можат да избегаат, и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди.

Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои ќе можат да се препознаат и самите гледачи, се вели на нивната Фејсбук Фан страна.

Интересна слика од зад сцената на „Преспав“, објави Амернис Нокшиќи, познатата актерка која е гостин во една од епизодите.

Познатите актерки, Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Наташа Петровиќ, Амернис и уште една која од заштитната маска не може да ѝ се види лицето се дружат на паузата од снимање.

Сите се легнати во еден кревет, најверојатно во „спалната соба“ на Ула и на Коста.

На фотогграфија од бекстејџот на „Преспав“ се гледа дека глумиците одлично се забавуваат.