Home Живот Страдам од депресија и од анксиозност и не сум горд на тоа:...

Страдам од депресија и од анксиозност и не сум горд на тоа: Нашиот познат пејач откри лична приказна

Популарниот Панчо пред извесен период на својот профил на социјалните мрежи сподели дека поради тоа што не може да работи она што најдобро го знае, музиката, решил за промена на професијата.

„Друштво, знаеме дека од работа нема срам па затоа сакав да споделам со вас, а воедно и заблагодарам на D’Kitchen и целиот нивен тим што ме вработи и даде можност да го “испечам” занаетот за пица мајстор и додека трае пандемијата да имам некакви приходи“, рече Панчо од ДНК.

Потоа, Панчо објави уште една интересен статус, овој пат за нова професија.

-Од музика последниве 10 месеци нема леб, па решив да си станам Кравар. Искрено со тек на времето сфаќаш дека животните може да ти бидат многу подобри и поискрени пријатели од многу луѓе кои ти поминале низ животот“, рече Панчо фотографирајќи се на Водно.

Пејачот откако ја загуби својата мајка со која беше многу поврзан, патеше од анксиозност и од депресисија, па на таа тема објави искрена приказна на Фејсбук.

Страдам од депресија и од анксиозност и не сум горд на тоа, но не треба ни да се срамам од тоа.

Луѓето не ми веруваат кога ќе им кажам затоа што можам да изгледам среќен и да се смеам околу нив и да се обидам да ги насмеам другите.

На моменти се борам, се борам многу време. Знам да бидам тежок за околината кога ова ќе ми се случи, особено за моите најблиски.

Се трудам да се конролирам себеси и во најголем дел од времето успевам. Успевам да го надминам тоа и да ги контролирам нештата, но на моменти се кршам.

Значи, ако ме гледате дека сум и тивок или не зборувам, јас не сум вознемирен ниту вие сте ме вознемириле. Исто така не сакам да бидам груб или лут, можеби ќе ми треба само една минута за себе.

Затоа, ве молам, ако сте мој пријател, само истрпете ме. Во ред е да не бидеш во ред, само кажи некому дека не си во ред. Во ред е.

Секој ќе рече: „Ако ти треба нешто, не двоуми се, јас ќе бидам тука за тебе“. Сакам да знам на кого можам да сметам …

Напишете „готово“ во коментар ако ме поддржувате. Ова е месец на Свеност за менталните болести. Ова е за сите луѓе што јас ги познавам а страдаат, прекини ја тишината, остани силен.