Home Вести Дијаспора Швајцарија воведува нови мерки – но внимава на „лебот“ на работниците

Швајцарија воведува нови мерки – но внимава на „лебот“ на работниците

Состојбата со корона вирусот во цела Европа е загрижувачка, особено со најновата мутација, за која здравствените авторитети велат дека е многу позаразна. Најпрво се појави во Британија, но сега се шири и во други земји.

Сепак, научниците соопштија дека постоечките вакцини, без проблем работат и со новиот сој од вирусот. Вакцинацијата во развиените сезмји се одвива со забрзано темпо и се очекува во следните неколку месеци да дојде до стабилизирање на состојбата со вирусот.

Ако Швајцарија беше релативно поштедена од првиот бран на пандемија во пролетта, таа беше тешко погодена во вториот бран есенва, поради недостаток на соодветни мерки во текот на летото и се уште се бори за да ја има контролата врз епидемијата. Стапката на позитивност останува релативно висока, околу 16,4 отсто

Пред неколку дена беше објавено дека Швајцарија ја одобри вакцината „ковид-19“ од американската биотехнолошка компанија „Модерна“, втора по вакцината произведена од американската „Фајзер“ и германскиот „Бионтек“.

Се очекува да добие вкупно 1,5 милиони дози на вакцини од овие компании, до крајот на февруари. Швајцарскиот регулатор Свисмедик донесе одлука неколку дена откако Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на Модерна.

Во Швајцарија досега се заразени околу 500.000 луѓе со коронавирус, а повеќе од 7.500 поч-инале. Швајцарија започнала да вакцинира со вакцините на Фајзер и Бионтек пред Божик.

Претставници на Министерството за здравство очекуваат земјата да добие 500 000 дози вакцини во јануари и уште еден милион во февруари.

„По темелна проверка на сите доставени податоци за безбедност, ефикасност и квалитет, Swissmedic денес привремено ја одобри вакцината на Modernа”, објави регулаторот.

Вакцината е означена како „Произведено во Швајцарија“, бидејќи договорниот производител на лекови „Лонза“ ги произведува активните состојки во своите фабрики во Виспо, близу до Матерхорн.

Швајцарија порачала скоро 15 милиони дози вакцина за „ковид-19“, вклучувајќи ја и на „АстраЗенека“, кој сè уште не е одобрена, а за тоа се предвидени 400 милиони швајцарски франци.

Швајцарија во понеделник ќе ги затвори сите продавници, освен оние кои се неопходни, објави вчера владата, која се двоуми да примени построги мерки со недели.

Владата, исто така, препорачува да се работи од дома, а рестораните, спортските сали и културните објекти ќе останат затворени уште пет недели, до крајот на февруари.

И покрај новите и проширени ограничувања, повеќето швајцарски скијачки центри остануваат отворени. Економијата е втор важен момент во оваа пандемиска криза и очигледно швајцарските власти водат особено грижа за работните места на своите граѓани.

Бидејќи, особено зимно време, туризмот на скијачките центри е една од главните гранки во швајцарската економија, од која живеат многумина.

Федералната канцеларија за јавно здравје вчера забележа 3.001 нов случај на корона вирус.

Бројот на заразени на 100.000 луѓе во текот на 14 дена изнесува 477,5 – далеку повеќе од 155 во соседна Германија. Швајцарија очекува трет бран во февруари поради новиот, позаразен вид на вирусот кој се шири од Велика Британија.