Home Живот Позната новинарка го прозва Вело Марковски: Го прашувам јавно тој доктор дали...

Позната новинарка го прозва Вело Марковски: Го прашувам јавно тој доктор дали чувствува морална одговорност што луѓе го слушаат и после си патат

Актуелен во јавноста е познатиот инфектолог Вело Марковски. Тој во последните денови од старата и првите денови од новата година беше често во медиумите поради неговите ставови и изјави кои предизвикуваа особено внимание, коментари и реакции во јавноста.

„Среќна нова 49…или беше ковид 19…или Среќна 2021…или 21 век беше.

Македонија е среќна земја, и многу богата…со бесценето богатство, само час поскоро Вело да се осуди за да може ова бесценето богатство да се подели меѓу народот.

Да, да овој пат ќе се дели подеднакво на сите, не е оваа власт како онаа на Груевски па да си го подели бесценетото богатство меѓу себе.

Впрочем, „Нема правда нема мир“ беше нивна парола со која се сруши ре жимот, а самиот Груевски после изборите изјави „Ме срушија интелектуалците од ВМРО, кои не излегоа на гласање.

Да, интелектуалците не сакаат ре жими, и опозицијата исто така, ама кога ќе се седне на власт некако убаво ти доаѓаат придобивките од предходниот систем.

Зошто да ги менуваме одма, (си го поставуваат прашањето) и на таа освоена територија си доградуваат нови, нивни, оригинални правила, што ги прави режим полош од реж имот“ изјави Марковски на Фејсбук.

Македонската новинарка Валентина Ѓорѓиоска- Парго понесена од лична приказна за својот сосед кој го прележал вирусот, денеска јавно го прозва доктор Маркоски.

„На еден постар пријател од маалово цело лето му велев маска да носи, пркосеше не сакаше, ме гњавеше со тези на пропаганда, глобална измама и сл.  Го најдов денес, чекавме ред. Ослабен, измачен, ојаден, само носот му останал, не го познав. Маската тргната, пак исто.

Ми кажа оболел од корона. Прво бил ок, кога му се влошило има гол-гота по медицинскиве центри, и, во недостаток на финансии останал дома да се лекува. Кога веќе било бити ил не бити.

22 дена даун, 6 дена од кревет не станал, само супи, компот, овошје, витамин це, и старински лекови греана ра-кија и сл. (цела среќа што пред ковидот пиел сумамед за нешто друго па ваљда тоа малку го спасило).

Едвај преживеал. Ја фатило жена му, асматичарка. Се треселе што ќе биде со неа. Ги фатило децата, едвај кренале кредит зошто на болница им побарале 14.000 денари за лежење на едниот. На работа што не оделе сега платите напола.

Тест пак не направил, нема пари. Ми збореше без маска цело време се тргав на страна тој по мене. Еден со кола чекаше едно време дојде и му рече да ствари маска а мене ми рече ме знаел и да сум се пазела од коронава оти му било страв мене ако ме фатело како ќе завршела.

На крај на 40минутниот муабет пријателот рече- а бе и овие претеруваат сега што кажуваат колку отишле од корона, не е тоа така, само не плашат … Па зошто го забранија Вевчански карневал не гледаш шо ни прават и сл. И пак исто пак исто.

Пошто човеков е следбеник на Вело и екипата го прашувам јавно тој доктор дали чувствува морална одговорност што вака ги (не)дисциплинира и дресира луѓево кои веруваат на неговата “страна” на негрижа и невнимание кон себе си и кон другите?

Ако го интересира кој е човекот нека ми пиши во инбокс или нека дојде ќе го однесам да се сретнат“, напиша новинарката.