Home Естрада Ова е херојот на Стефан и на Мартин од „Некст тајм“ (ФОТО)

Ова е херојот на Стефан и на Мартин од „Некст тајм“ (ФОТО)

Браќата близнаци Мартин и Стефан Филиповски се наjпопуларното и најинтересното музичло дуо кај нас уште од почетокот на нивната кариера.

Мартин и Стефан, познати како „Некст тајм“ ја претставуваа Македонија на „Евровизија“ во 2009 година со песната „Нешто што ќе остане“ во Москва. Песната остана да се пее како хит иако близнаците не влегоа во финалето.

„Популароста е минлива работа на македонската естрада и многу ми е криво што популарноста го победува квалитетот моментално.

Можеби грешам, но би сакал луѓето да се насочат повеќе кон квалитетот а не кон популарноста. А се појави некој нов сите кубат коси за него. Кубеа коси и за нас, тоа е супер, но јас апелирам да се свртат кон квалитет, а не кон нови и популарни лица кои имаат само квантитет во нив.

Она што до ден денес сме го постигнале, сме го постигнале благодарение на Мартин и Стефан, благодарение на нашата мајка, нашата фамилија.

Се друго било мачкање очи во јавност. Јас сум убеден дека во Македонија нема менаџер кој ќе ти најде инвеститор. Тие продукции не вложувале во нас, само давале информации за нашата кариера по медиуми и толку.

Ги имале контактите со новинарите што малку ни го олесни патот кон успехот, но главниот збор треба да го има квалитетот, финансиите и среќата.“,имаат изјавено Мартин и Срефан во едно интервју за „Точка“.

Последниве години, тие с епознати како модерни комити, откако ги преработуваат македонските традиционлани песни. Вистински бум направи „Ја излези Ѓурѓо“, потоа и „Слушам крај шумат шумите„, а подоцна и „Нешто ќе те питам бабо“.

Последната нивна преработка е „Јовка кумановка“. По овој спот, многумина од вас се запрашаа која е прекрасната девојка која го толкува ликот на Јовка?

Која е убавицата која ја доби улогата на главната хероина од приказната во визуелизацијата на режисерот Огнен Шапковски за видеото на „Некст тајм“?

Одговорот стои напишан уште на најавниот промотивен плакат за спотот, а на него името на Викторија Пеовска. За оние кои го следат спортот, особено оној, најтрофејниот во Македонија, нејзиното име не е непознато.

Таа е ракометарка на женската екипа на ЖРК Куманово и македонската ракометна репрезентативка.

Уште една жена многу служна за среќата и за успехот на Мартин и на Стефан, но и на нвниот брат, Филип Филиповски.

Тоа е нивната мајка Сузана. Стефан неодамна објави семејна слика од браќата и од мајката за која мнгу пати имаат кажано дека е нивниот идол и херој.

Фото: Инстаграм