Home Естрада Љубовта ја грее: Антониа се расоблече на планина, на снег (ФОТО)

Љубовта ја грее: Антониа се расоблече на планина, на снег (ФОТО)

Секоја објава на Антониа Гиговска привлекува внимание во јавноста. Младата пејачка освен што е музички квалитетна е и популарна инфлуенсерка.

Таа очигледно научила дека популарноста не се стекнува само со пеење, туку дека во тоа голема улога игра и приватноста која секогаш е интересна за јавноста.

Гиговска не го сокрива својот живот надвор од сцената, напротив од неодамна откри дека е во љубовна врска и тоа со колегата Иван од „Либеро бенд“.

Таа е редовно е активна и на социјалните мрежи каде објавува моменти од своето секојдневие.

Антониа својата кариера ја градеше полека но сигурно. Почна со фестивали надвор од Македонија на кои добиваше бројни награди.

Потоа стана популарна со учеството на „Пинк ѕвездички“, па на домашните фестивали и на крајот сними повеќе свои песни.

Антониа пееше и во мјузиклот „Тајно моја“, посветен на Тоше Проески. Таа ја играше главната женска улога. За своето учество во „Пинк ѕвездички“, Антиниа еднаш изјави:

„Па искрено јас не се замарам многу со тие работи, заради тоа што мислам дека кој и да победи, прегледите и она што го знае публиката, како и она што се зборува по завршувањето на ова шоу е многу поважно од победата.

Не секогаш победува оној кој публиката сака да победи или кој што навистина заслужува да победи“, рече пејачката во „Хаштаг“.

Ако не пее, тогаш ужива со момчето, ужива во храна, но и теретана ама многу сака и да се фотографира и позира.

Пред извесно време Антониа сподели фотографија од нејзината најсилна поткрепа во животот – мама Катерина. „Мојот свет, мојата поддршка, моето сè“- напиша таа во описот на фотографија каде позира насмеана заедно со мајка си.

Последната фотографија на Антониа е интересна, слимана на некоја од нашите планини.

Ако на планина сите потополо се облекуваат, Антониа се соблече. Таа е сликана по краток комбинезон, кој нејзините фанови го бендисаа.

На Антониа изгледа дека не ѝ студи на температурите кои се и под нулата, љубовта ја грее.

Фото: Инстаграм