Home Вести Македонија Васко Ефтов по подолго време со анализа: Што треба да направи ВМРО-ДПМНЕ...

Васко Ефтов по подолго време со анализа: Што треба да направи ВМРО-ДПМНЕ за да се врати на власт

По паузата за Новогодишните и Божикните празници, новинарот Васко Ефтов, ја продолжи својата авторска емисија „Во Центар“, која ја емитува на Јутјуб. Тој на почетокот на емисијата даде информација дека едни од најгледаните емисии му биле оние за односите со Бугарија, додека најслабо гледаните биле оние окулу промена на името.

Фото: Јутјуб принтскрин

Има околу 120 илјади гласови кои се крајно десни и беа поддржувачи на Никола Груевски, сега веќе не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. За првпат на следните избори ВМРО нема да тргне со стартна предност на изборите, туку од минус, бидејќи овие граѓани ќе гласаат за друга партија, вели Васко Ефтов.

Таа друга партија во моментов е Левица. Но, во првиот момент кога Левица ќе влезе во владеачка коалиција, или ќе направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, овие 120 илјади луѓе веќе нема да гласаат за Левица, туку за некој друг. Овие гласови тежат меѓу 6 и 12 пратеници.

Фото: Јутјуб принтскрин

Поради тоа, сега Зоран Заев е можно и полесно да победува на избори, бидејќи, сега веќе нема да му требаат 380, или 400 илјади гласови, туку ќе може да победи и со 320 илјади гласови, поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ ги загуби своите крајно десни гласови, вели Васко Ефтов.

-Гледате како Зоран Заев сега ги пушта низ вода „шарените“ во неговата партија, пред сите Мила Царовска и Мухарем Зекири. Тој исто така се дистанцира од Никола Тодоров и од Мериот коалицијата и игра на картата на Христијан Мицкоски, бидејќи преку Орце Камчев тој го контролира Мицкоски, вели Ефтов.

Контролата на Орце Камчев е преку одредени дела, кои во секој момент може да бидат активирани, вели Васко Ефтов.

Стратегијата на СДСМ за албански гласови на нивното конто е завршена приказна. Тие ќе мора да бараат нова стратегија. Мухамед Зекири е уназаден со тоа што е ставен за генерален секретар на Владата. Тој е веќе минато во политиката, вели Ефтов.

СДСМ не сипорача резултати и тие неможат да очекуваат многу гласови. Сега уште повеќе, тие нема да можат да сметаат на албански гласови, за кои беше најзаслужен Мухамед Зекири. Зошто? Бидејќи тие гласови доаѓаа на основа на кампањата против ДУИ, со кого сега СДСМ коалицира.

Ако ВМРО-ДПМНЕ не направи дисконтинуитет со Груевизмот, тие нема да можат да го поразат Зоран Заев. Тоа, со кандидирањето на Александар Даштевски за прв човек на Државната изборна комисија, тие не го прават, напротив, вели Ефтов.

Тој излегува и вели дека е непартиски човек, а сите знаеме колку партии смени тој човек. Александар Даштевски може да биде причина за лоши односи со новото Американско раководтсво, кое има расчистено со структурите на Груевски, смета Васко Ефтов.

Ребусот на новото време е ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се менуваат на власт, како Црвена Sвезда и Партизан во фудбал во соседна Србија. Тоа беше досега, ќе биде и во иднина, смета Васко Ефтов.

Емисијата „Во Центар“, односно комплетната анализа на Васко Ефтов. можете да ја погледнете ТУКА