Home Вести Македонија Грчкиот министер повторно со изјава: Ќе може ли да се влезе и...

Грчкиот министер повторно со изјава: Ќе може ли да се влезе и без имунизационен картон?

Изминатите денови голема дебата се отвори по најавата дека можеби за влез во Грција ќе се бара потврда за примена вакцина против вирусот.

Грција започна да издава дигитален сертификат за вакцинација против коронавирусот, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека ова е уште една грчка иновација.

Мицотакис на состанокот за спроведување на националниот план на Грција за вакцинација рече дека потврдата не значи ограничување, туку дополнително олеснување за движење и патување.

Тој изјави дека сертификатот ќе служи за потврда на законската вакцинација, но и за лична употреба на граѓаните и уште еднаш го повтори својот предлог до Европската унија на единствен сертификат во согласност со европските стандарди.

„Ова не е ограничување, туку ќе ни олесни да се ослободиме од ограничувањата што во моментов ни ги наметнува ковид во патувањата на европските граѓани. Тоа е нешто што ќе значи посебно за нашиот туризам и перспективите на нашата економија, особено во пресрет на летната сезона“, рече Мицотакис.

Предлогот на Микотакис за единствен сертификат ќе се дискутира на Самитот на ЕУ утре, а Мицотакис изрази надеж дека ќе се постигне договор за единствен систем за сертификација.

Потврда за примена вакцина во никој случај нема да стане услов некој да влезе во Грција, потенцираше министерот за туризам на земјата, Харис Теохарис во гостување во програмата на Skai TV.

На предложените сертификати за вакцинација, Теохарис јасно стави до знаење дека вакцинацијата нема да биде услов некој да може влезе во земјата, а за невакцинираните ќе има брзи тестови. Но, здравствената комисијаќе одлучува дали тие ќе бидат извршени или не на сите.

“Би сакал да разјаснам што нашата земја им предложи на другите членки на ЕУ. Како прво, се чини дека писмото имаше ефект што сакавме да го постигнеме, односно да ја “протресеме“ Европа за да може конечно да се координира.

Координацијата е неопходна и нашата земја е во првите редови во оваа област. Не смееме да направиме чекор назад. Минатата година имавме ограничувања во движењето на туристите.

Оваа година мора да има движење на туристи. Првата опција е брз тест, кој е и побезбеден и поевтин и ќе ни овозможи да ги намалиме непријатностите за патниците“, изјави Теохарис.

Тој очекува престојното лето да биде подобро од ланското. Исто така истакна дека навиките на потрошувачите се смениле и дека никој не резервира патување шест или осум месеци однаред, како во минатото.