Home Вести Дијаспора Европската унија повторно ја отвори темата бугарски пасоши – се истражува кој...

Европската унија повторно ја отвори темата бугарски пасоши – се истражува кој сè го добил

Бугарските медиуми пишуваат дека Бугарија може да добие кри вична постапка од страна на Европската комисија за практиката на продажба на бугарски пасоши на странци, како и за оние со „доказ за бугарско потекло“, но и за оние т.н. „златни пасоши“ за инвеститори во земјата.

Официјална Софија веќе била информирана за ваквите намери на Европската комисија, пишуваат бугарските медиуми.

Таканаречените „златни“, односно пасоши „за посебни заслуги“, на име инвестиции и придонеси во културата, образованието, музиката, спортот… се покажале како „плитка шема“ за провизии, а ЕУ им дала на знаење на бугарските власти дека е запознаена за заобиколувањето на европските правила.

Имено, многу од т.н. инвеститори ги продале хартиите од вредност откако ги добиле бугарските пасоши, односно свесно им била дадена можност да ги повлечат своите пари и да живеат во ЕУ со бугарски пасош, откриваат бугарските медиуми.

Бугарските власти веќе година и пол го одложуваат усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за бугарско државјанство, што во тамошната јавност предизвикува сериозни сомневања за корупција на највисоко ниво.

Бугарија е една од трите земји во ЕУ што го продаваат своето државјанство, и покрај постојните повици од Европската комисија и од Европскиот парламент да ѝ се стави крај на ваквата практика. Другите две земји се Малта и Кипар, против кои веќе е поведена крив ична постапка за кршење на правото на ЕУ.

Европскиот парламент во моментов подготвува нов законодавен извештај за практиките на доделување државјанство во замена за инвестиции во ЕУ.

Според истражувањата на бугарските новинари, не бил мал ниту бројот на странци што зеле државјанство и за „посебни заслуги“ во областа на науката и културата, спортот, но и за заслуги за проширување на културните, економските и образовните врски помеѓу Бугарија и Кореја.

Принтскрин Видео

За изградба и реставрација на историски споменици и црковни места во Бугарија, заслуги во областа на професионалниот превод од бугарски јазик, придонес во областа на бугарската популарна музика, пеење и опера, како и придонес во филмската продукција.

Принтскрин видео

Но во медиумите се изразува зачуденост што досега имињата на „заслужните граѓани“ никогаш не биле објавени во јавноста.

Манипулацијата со таканаречените бугарски државјанства изминатиот период беше актуелна во јавноста и во однос на Македонија и доделените бугарски пасоши на македонски државјани.

Според експертите, во ваквиот случај во однос на Македонија не станува збор за бугарски државјани туку за различни социјални категории македонски државјани што зеле бугарски пасош од чисто економска, социјална или образовна природа. Дали истрагата на ЕК ќе допре и до манипулацијата на Бугарија за политички цели со македонските државјани со бугарски пасоши?

–Издавањето бугарски пасоши, барем досега, беше премолчено толерирано од Брисел, бидејќи се вклопуваше во едно пошироко сценарио за фрлање на Македонците во прегратките на Бугарите.

Од една страна – бугаризација на Македонија, а од друга страна – албанизација на преостанатиот дел. Според тоа сценарио, така требаше да го решат „македонското прашање“.

Границите не смеат да се менуваат, бидејќи тоа би значело нова страшна балканска војна, а на овој начин се брише македонизмот, кој е трн во окото, не само на соседите туку и на главните светски фактори.

Ако во меѓувреме Брисел сепак решил да поведе некаква постапка против Бугарија во врска со неконтролираното издавање бугарски пасоши, тоа може само да значи дека Софија се преценила во желбата веднаш да ги избрише Македонците.

Поведувањето постапка од Европската комисија може да се смета како мала опомена за Бугарија – вели македонскиот дипломат Ристо Никовски во изјава за Нова Македонија.