Home Живот Каролина: Па не сме во камено доба, сиромашните мајки не треба да...

Каролина: Па не сме во камено доба, сиромашните мајки не треба да раѓаат повеќе деца

Сè почесто сме сведоци на семејства со многу деца, каде што неретко таа бројка преминува и преку десет.

Принтсркин Инстаграм

Поради тоа родителите преку социјалните мрежи и медиуми бараaт и молат за помош за да имаaт основни услови за живот на нивните деца.

Принтсркин Инстаграм

Оваа тема станува се почеста и се развива голема дискусија, како кај нас, така и во регионот, но и пошироко.

Принтсркин Инстаграм

Гламурозната гимнастичарка Каролина Севастијанова неодамна се најде на страниците на светскиот печат откако им упати остри зборови на сиромашните мајки и семејства со многу деца.

Принтсркин Инстаграм

Познатата Русинка предизвика бурна реакција во јавноста откако на Инстаграм изјави дека финансиски загрозените мајки се „неодговорни“ затоа што раѓаат повеќе деца, а не можат да си го дозволат тоа:

„Родила едно дете, гледа дека не може да го издржува и раѓа второ, трето…“, вели Каролина, а пренесува британски Дејлистар.

Принтсркин Инстаграм

25-годишната девојка додаде дека бременоста денес може лесно да се спречи, а сето тоа го изјави како одговор на прашањето зошто одбива да им помогнe на сиромашните родители кои имаат многу деца.

Принтсркин Инстаграм

Каролина рече дека наместо тоа, таа им дава пари на групи за заштита на животни и разни добротворни организации.

Принтсркин Инстаграм

Таа го изрази ова мислење на својот профил на Инстаграм, каде што ја следат повеќе од 600 илјади луѓе, во делот „прашања / одговори“.

Принтсркин Инстаграм

-Овие луѓе одлучија да бидат толку неодговорни. Ние не живееме во камено доба каде прашањето за бременост не може да се контролира.

Принтсркин Инстаграм

Кога веќе знаете дека не можете да се грижите за едно дете, зошто имате второ, трето, четврто? Дали е воопшто фер кон децата кога знаете дека не можете да им дадете добра иднина? – рече оваа спортистка.

Принтсркин Инстаграм

Таа додаде дека не се чувствува одговорна за туѓите постапки.

Принтсркин Инстаграм

Инаку, Каролина освои олимписки медал во групна гимнастика во 2012 година, а исто така беше шампион во истата дисциплина две години порано на Младинските олимписки игри.

Принтсркин Инстаграм

Сега таа се повлече од овој спорт, и активно се занимава како модел. Уште во 2015 година се појави на насловната страница на руското издание на списанието „Максим“.