Home Естрада Огнен Здравковски собра сила и реши да ѝ се врати на својата...

Огнен Здравковски собра сила и реши да ѝ се врати на својата голема љубов

Огнен Здравковски е еден од нашите најдобри и најпопуларни пејачи. Тој се „вивна“ на естрадното небо, во последната сезона на музичкото шоу „Sвезде Гранда“ беше под менторство на Марија Шерифовиќ.

Здравкоски успеа да стигне до финалето, но не успеа да ја освои победата. Во музичкото шоу тој често добиваше пофалби од жирито, а важеше и за еден од фаворитите.

Летото минаатата година, порталите ја пренесоа веста дека Огнен е позитивен на новиот вирус. Тој на социјалните мрежи објавувајќи фотографија од болница се огласи и ги потврди пишувањата на домашните медиуми.

Потоа, објави дека и неговата мајка Софче Џорлева се изборила со вирусот. Оваа година почна лошо за Огнен и за целото негово семејство.

Засекогаш си замина неговиот вујко, легендарниот виолинист Зоран Џорлев. Огнен тешко ја поденсе загубата. На големиот празник, Божиќ, тој на Фејсбук објави силна порака:

-Драги мои, радувајте му се на животот, сакајте се, ширете љубов и добрина, ценете го тоа што е ваше и што го имате како да е последно нешто што животот ви го дал.

Тенка е линијата помеѓу среќа и тага, помеѓу живот и см рт, па затоа славете го раѓањето Христово како симбол за нешто најсвето!

За мене ова е најтажниот и најболниот Божиќ во мојот живот, но не престанувам да се молам на Бога да ми даде сила за да се исправам на нозе и да продолжам да чекорам исправено! “, напиша Огнен.

Тој настапи на Василичарскиот концерт во Скопје, и настапот му го посвети на својот вујко.

Во неколку ТВ изјави потоа, рече дека сите настапи ќе бидат за вујко му, кој му бил ментор.

Огнен собра сила, и ѝ се врати на својата голема љубов, музиката.

Гостувам во емисијата “Гранд Парада”. Пуштете Гранд Телевизија и гледајте!“, најави Огнен, и објави слики од снимањето на емисијата во Белград.

Фото: Фејсбук и Инстаграм