Home Живот Цеца се сретна со идниот „свекор“, а тој изјави каков впечаток му...

Цеца се сретна со идниот „свекор“, а тој изјави каков впечаток му оставила

Пред неколку дена, јавноста дозна дека Цеца Ражњатовиќ конечно има дечко. Нејзин партнер е Богдан Срејовиќ (38), кој е девет години помлад од пејачката.

Се запознале на еден роденден, а пејачката не сакаше да зборува за нејзиниот приватен живот. – Не сакам да го коментирам мојот приватен живот – кратко рече Цеца.

За српскките медиуми, изјава даде и таткото на бизнисменот Богдан, Милош Срејовиќ (64).

Поранешниот југословенски атлетичар, специјалист за скок во далечина, за Курир изјави дека неговиот син не му кажал ништо за неговата нова љубов, а исто така истакна дека го поддржува секој негов избор.

–Неблагодарно е да го коментирам тоа. Тие се возрасни, зрели луѓе, кои знаат да се грижат за себе. Колку што можев да кажам, тие се среќни и задоволни.

Тоа е заедничка приказна и не би се мешал во неа’, рече Срејовиќ.

Цеца Ражнатовиќ пред неколку дена отпатува за Крагуевац, каде семејството на нејзиното ново момче Богдан Срејовиќ го прослави празникот Свети Јован.

Пејачката на тој начин имаше можност да се сретне со таткото на Богдан, поранешниот шампион во атлетика, Милош Срејовиќ.

Во интервју за „Курир“, Срејовиќ откри како изгледал неговиот состанок со Цеца.

-Цеца остави одличен впечаток, како што мислев. Богдан беше многу задоволен – рече Милош Срејовиќ и опиша како изгледаше прославата:

-Не беше спектакл, затоа никој од моето семејство и познаници не ми се јави да ме праша за Цеца.

Сè беше пристојно, во кругот на семејството, како што налага сегашната епидемиолошка состојба – рече таткото на Богдан Срејовиќ.

Фото: Инстаграм, Јутјуб принсткрин