Ненад Јанковиќ е комичар, композитор, актер, пејач и писател, а е попознат како Д-р Неле Карајлиќ. Тој е легендата на популарната ексју-група „Забрането пушење“ и на култната ТВ-серија „Топ-листа надреалиста“.

Музичарот покажа како изгледа неговата оаза на мирот, која се наоѓа на Космај, и рече дека ужива да подготвува ра кија и џем.

Сè повеќе познати личности имаат свои викенд-куќи на планината Космај, а еден од првите што ги открива убавините на оваа планина е легендарниот фронтмен на „Забрането пушење“.

Неле Карајлиќ целото слободно време го поминува со сопругата, претежно на својот имот, каде има вистинска земјоделска фарма.

– Куќата на имотот е стара над 100 години, не беше во ваква состојба кога ја купивме, но ја реновиравме пред 20 години. Датира од пред Втората светска вој на, а беше во сопственост на тогашниот главен уредник на „Политика“ Добрица Кузмиќ.

Токму нашата улица го носи неговото име – вака музичарот и актерот ја започнаа приказната додека ја покажуваше својата куќа и имот во емисијата „Среќна Србија“.

Неле додаде дека тој во моментов огледува неколку видови овошни дрвја во својот двор:

– Имаме сливи, круши, јаболка и сè сами го работиме. Јас исто така правам рак ија, правам џем. Најголем проблем е кога ќе роди многу, затоа што тогаш има многу за работа и треба да се сработи.

Од друга страна проблем е и кога малку ќе се роди затоа што тогаш бирам каде ќе оди тоа овошје, дали во ра-кија или џем.

Покрај тоа, Неле има и лозје што неодамна го засади и не крие дека секој слободен момент го користи за да работи на нива.

– Лозјето е најголемиот експеримент, ова е негова втора година. Па, ќе биде убав резултат ако извадам по еден литар од секоја ред на лоза – вели Карајлиќ и додава што прави прво кога ќе дојде од Белград на имот:

-Веднаш влегувам во дворот да видам што се случува со овоштарникот. Јас работам на нива секој ден за да си заработам пиво, вели еден од најпопуларните музичари на поранешните југословенски простори.
