Home Живот Какво изненадување од д-р Вело Марковски за младата сопруга Евгенија

Какво изненадување од д-р Вело Марковски за младата сопруга Евгенија

Вело Марковски е еден од неколкуте лекари, кои со своите медиумски настапи се истакна во оваа пандемиска криза. Многумина му ги оспоруваат ставовите, но не е мал бројот и на оние кои му веруваат.

Неговото прво интервју, од почетокот на пандемијата, во кој се осврна на употребата на респираторите, стана особено популарно во целиот регион.

Неговите ставови и изјави предизвикуваа особено внимание, коментари и реакции во јавноста, но не само во нашата држава, туку и пошироко во регионот.

Кон крајот на минатата година тој повторно се најде во очите на јавноста поради обвинението за незаконски археолошки истражувања и шве рц на артефакти.

Како и за секоја јавна личност, така и за Вело многумина ги интересира и неговиот приватен живот за која медиумите веќе во неколку наврати пишуваа.

Вело Марковски е во втор брак со многу помладата Евгенија Николовска – Марковска, која на јавноста исто така не и е непозната. Особено на онаа естрадната и медиумите кои ја третираат естрадата, музиката, светот на модата и забавата.

Атрактивната Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина.

Убавата Евгенија е позната и како модел, а особено популарна стана пред 7 години, кога во етерот се појави видео на групата „Пу-ка козметика“ за темата „Си го бара“

Вело Марковски сега уште еднаш покажа дека е грижлив татко и сопруг и на романтичен начин повторно и искажа љубов на својата сакана.

Имено Марковски напиша песна посветена за својата љубов насловена како Те Сакам и истата е објавена на Јутјуб, а тој самиот ја сподели на својот профил на фејсбук.

Во продолжени може да го проследите текстот на песната во која што вели:

Принтсркин Фејсбук

„Ако имав доволно фантазија, ако бев уметник со префинет вкус или зограф како моите предци, ако верував на логиката, ако бев Бог што создава. Или поет со продорни мисли ќе те замислев баш тебе.

Принтсркин Фејсбук

Ако имав доволно ум и храброст што се граничи со лу дило. Ако верував премногу во себе. Ако ги избришев сите слабости и сите претходни фрустрации.

Принтсркин Фејсбук

Ако секој миг те посакував и желбата силно ја праќав во Универзумот, ќе посакав ти да ме сакаш. Среќа, награда или судбина, не ми е важно што е, ама убаво ми е да слушам како опише.

Принтсркин Фејсбук

Сакам кога ми пееш, најубава си кога се смееш, учиш бељот и тенис. Само да бидеш поблиску домене. За тебе сум најдобриот пејач, подобар тенисер од Ѓоковиќ.

Принтсркин Фејсбук

Шах играм подобро од Корчној и секако идниот нобеловец. Умнице моја, еј мило. Понекогаш само Евгенија. Понекогаш „лошата моја, или она погрдото кога ме победуваш.

Принтсркин Фејсбук

Нефертита или само ангелче. Убави ти се сите имиња. Сепак најубавото од сите тие – на Павле мајката.

Принтсркин Фејсбук

Автор, Дрм, кој е многу верен и кој мисли затоа што три пати спиел во малото на Рацин, смее да пишува песни.