Home Живот Јоци за неизживеаните, кои решиле да ,,живеат” на 40 години

Јоци за неизживеаните, кои решиле да ,,живеат” на 40 години

Македонскиот медиумски простор деновиве е сведок на „сапуница“, која до скоро можеше да се види само на странските таблоиди. Поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски, објави статус во кој напиша дека се разведува од својата сопруга Агнеса. Оваа информација, тој ја сподели нарекувајќи ја Агнеса „фотошоп барбика“.

Тој рече дека Агнеса се оладила од него оти веќе не е директор. Поводот за објавата беше роденденот на неговата ќерка.

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка ѝ, фотошоп барбиката Агнеса Орданоска не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка.

Има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила.

Најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директори не е во можност да ѝ ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене.

Голема благодарност до персоналот на хотел ‘Молика’, секогаш ми било и повеќе од пријатно тука, момците навистина се трудат престојот да ни биде незаборавен.

Големо благодарам за тоа, деновите тука се лек за проблемите дома. Тоа е тоа, одиме понатаму“, напиша Орданоски на Фејсбук сношти.

По ова се огласи и Агнеса со изјава за „Фокус“. „Брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи!

Вознемирена сум поради децата, јасно ми е како ова ќе се одрази на нив, тие се во период кога растат, созреваат.

Нивни другарчиња ја читаат објавата, стравувам дека ова ќе остави трајни последици врз моите деца, кои во никој случај не заслужија да бидат во оваа ситуација“, изјави за „Фокус“ Агнеса.

Таа додала дека со Ордановски се во брак 18 години и проблемите треба да ги решат меѓу нив, цивилизирано, а не јавно.

Потоа следеа уште неколку статуси и изјави од двете страни, но многумина во коментари ги предупредија двајцата сопружници, дека треба малку повеќе да повнимаваат на своте деца.

Со свое мислење, општо околу ваквите браќни ситуации, се произнесе новинарката Јорданка Ивановска Јоци:

„Мислам, стварно немам ништо против луѓе кои се неизживеани и решиле да ,,живеат” на 40 години.

Но, дечки, најчесно е кога не се познавате себеси, дека не ве држи место – прво да се запознаете. И да сфатите кои сте. И да се прифатите, такви – какви сте.

А, во меѓувреме, во вашата прикаска, да не инволвирате невини луѓе кои ќе патат ради ваши хирови – по 10-15 години лажен брак. Особено не – деца, ако ги направите попат.

Ете, јас се познавам себеси многу добро, дека не ме држи место и не повредив никој попат. А, можев три пати да се земам и да се разведам и да си оставам жр тви зад мене. Тоа не е живот.

И вака функционирам најдобро и сум на чисто се себеси и сите други. Така сум среќна, поинаку би била за робена и несреќна.

Вие, неспознаените и неприфатените од сами себе, кои уште трагате кои сте – до каде сте со мор -ничави прикаски, распослани низ ,,жолт печат”, од кои се крева желудник?

Дечки, нашава Македонија не е Холивуд. Тука важи – ,,што јужније, то тужније” веќе пет века. Берете памет за децата. Не знам што да ви кажам…животот не е само момент. Многу повеќе е. Пред сè – и одговорност.

Ако не ви држи задникот за одговорност во брак, не правете деца.“