Home Живот Јулија доби итен повик среде емисија во живо – ја прекина гостинката...

Јулија доби итен повик среде емисија во живо – ја прекина гостинката за да му се јави на господинот кој го нарече најдобар

Нашата популарна пејачка и новинарка, а сега и водителка, Јулија Мациевска неодамна откако ѝ честиташе роденден на својата ќерка Андријана, откри за јавноста дека истата се соочува со тежок период од животот.

Јулија вчера на својот личен профил повторно се огласи со порака од болница и неколку фотографии, а притоа истакна: Денеска трета хемо за Андријанче, на државна клиника за онкологија.

Прифативме низ овој предизвик да се носиме со насмевка, зашто веруваме во најголемото добро, исцеление за Андријана“, рече Јулија во октомври минатата година за ќерката.

Сите што ја следат по социјалните мрежи знаат дека е и мотивациски тренер, „лајф коуч“, кој воспоставува силни врски со луѓето на кои им помага, напиша порталот „7дена.мк“.

-Мојот голем емотивен пад се случи кога мојата мајка ја напушти оваа димензија. Тоа беше болка која буквално ме скрши, зашто го загубив мојот најдобар пријател, мојата подршка и потпора.

Дел од мене се откина, се случи толку брзо, што во мене имаше милион неодговорени прашања и еден куп несовладливи емоции на тага, болка, б ес, лу тина, самокритика, немоќ, која се зголемуваше од ден на ден и поради тоа мојата здравствена состојба многу се влоши.

 

Бев преполна со стр авови и постојано го молев Бога да не гледам  ситуации и се што е лошо нека ми се случи мене, само другите сакани да ми бидат добри и на број.

Велат, внимавајте што зборувате, оти може да ви се случи. И се случи, еден ден во таа длабока истоштеност и немоќ, едноставно се предадов. Мојата душа се одвои од телото и го започна своето патување кон светлината.

Таму каде што е се безусловна и чиста љубов. Но, за тоа поопширно ќе читате во мојата книга, за која верувам дека на есен ќе биде во печат“, изјави Јулија.

Пејачката ја води емисијата „Будење сои Јулија“, и ѝ се случи еден интересен момент токму за време на емитувањето на емисијата. Имено, Јулија одненад доби многу итен повик.

„Јас се извинувам, на емисија сум во живо. За кратко, во емисијата сум, еве ме слушаат луѓето, ама драги мои гледачи ова е хитен повик, морав да одговорам. Се слушаме а кратко.

Поздрав, поздрав во мојот најдобар мајстор. Ова се најдобрите мајстори од Крива Паланка, најдобри, не постојат подобри.

Поздрав Мане, чао, чао еве, слуша цела Македонија. Реклама, да. Моите мајстори најдобри, ама и вие сте најстори во ова штп сте го направиле, леле уживам“, рече Јулија за производите кои ѝ ги донесе гостинката.

Таа производите ги пробуваше со лажичка од тегла.

Фото: Фејсбук на Јулија Мациевска и Јутјуб принсткрин