Home Живот Карлеуша се појави на роденденот на Душко и откри дали имаат проблеми...

Карлеуша се појави на роденденот на Душко и откри дали имаат проблеми во бракот

Јелена Карлеуша важи за една од најатрактивните пејачки на сцената што често го покажува во емисиите на Звезда Гранда и на Инстаграм.

Оваа пејачка секогаш знае да биде актуелна со што го привлекува вниманието на јавноста, едноставно вистинска естрадна ѕвезда.

Просечен настап на Јелена во клуб чини од 15 000 до 20 000 евра, што и го донесе 1-то место кога е доведена во прашање цената на „тезгите“ во Србија.

Минатата година, за првпат во животот, Јелена Карлеуша ја отвори вратата од својот гардеробер и можеби на тоа ништо повеќе не би требало да се додаде за да се „заскокотка“ фантазијата на сите оние ги ја следат и кои добро знаат како се облекува ѕвездата.

Во нејзиниот гардеробер има облека и обувки од многу брендови.

Има повеќе од 200 пара чевли, а има и исто толку чанти, фустани, капути, костими, но и накит, парфеми, креми за нега на телото.

Таа конечно одговори на гласините што кружеа со години – „дека целата е оперирана“. За време на снимањето на шоуто Звезда Гранда, Јелена откри дека имала „само една операција“.

-Никогаш не сум направила ништо на моето лице, само на градите. Многу луѓе мислат дека мојот задник не е вистински – рече Јелена и додаде дека „тој се зголемува и се намалува како што се здебелувам или слабеам“, рече Јелена.

Јелена е мажена за фудбалерот Душко Тошиќ, а нивниот брак е секогаш интересен за јавноста.

По двегодишниот професионален ангажман во Кина, популарниот фудбалер на крајот на минатата година се врати дома во Белград, но само да ги препакува куферите и заедно со ќерките Атина и Ника замина во Дубаи.

Штом Душко во рамките на своите Инста-приказни објави фотографија на која позираше во приватниот авион со Атина и Ника.

Веднаш почнаа да се шират шпекулации дека Јелена Карлеуша не отпатувала со нив.

Регионот веќе подолго време зборува за бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ.

Со оглед дека двајцата одамна во јавноста се немаат појавено заедно, се зборува дека пејачката и фудбалерот се разделуваат.

Душко Тошиќ вчера прослави својот 36-ти роденден меѓу најблиските, во еден ресторан во Белград.

Многу фанови и пријатели му го честитаа роденденот на Инстаграм, а тој им се заблагодари.

Јавноста се сомневаше дека Јелена Карлеуша нема да присуствува на забавата, со оглед на тоа што веќе подолго време не се појавуваат заедно.

Сепак, Јелена цело време беше насмеана и среќна со својот сопруг.

Тие заедно испеаја роденденска песна и уживаа цела вечер. Парот докажа дека е посилен од кога било и дека нема никакви пречки во нивниот брак!

Фото: Инстагранм принтскрин и Јутјуб принсткрин