Home Живот Не сум потплатена да зборувам добро за Филипче и за докторите: Елена...

Не сум потплатена да зборувам добро за Филипче и за докторите: Елена Петреска раскажа како го преживеала вирусот (ВИДЕО)

Пејачката Елена Петреска објави емотивно видео во кое го раскажа целото нејзино искуство со вирусот. На 11 јануари, Елена објави дека на Инфективната клиника поминала 14 дена поради проблеми со корона вирусот.

„Конечно дома после 14 денови на Инфективно заради ко вид. Благодарам на Бог што се помина добро!

Благодарна сум што си ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како повторно да сум се родила!

Најискрено од срце се заблагодарувам на целиот медицински персонал од Инфективната клиника.

Тие се моите Херои за кои имам многу да раскажувам, зошто ако ништо друго барем тоа им го должам, да знаат сите што значи нивната посветеност и пожртвуваност во овие тешки времиња!

Сакам да ви кажам дека ја видов вистинската слика за тоа што значи оваа пандемија, која во целост ќе ви ја пренесам деновиве преку видео, во кое ќе раскажам за ова мое искуство со надеж дека ќе допре онаму каде што е потребно.

И морам да кажам (иако секогаш сум ги почитувала правилата) дека зборовите на министерот за здравство Венко Филипче во целост имаат значење од оваа перспектива“, напиша Елена тогаш.

Десет дена потоа, таа сними видео во кое ги раскажува сите детали.

-Не можам да ви опишам. Буквално, не можев да станам до тоалет да отидам, од што кашлав цело време. Навистина е мачно тоа, го истоштува телото.

Температура немав многу висока, но навистина бев истоштена од што кашлав цело време.

Докторката од Инфективна ме советуваше да останам таму, бидејќи имунитетот ми е паднат и најдобро е да имам докторски надзор.

Немав проблеми со дишење, меѓутоа навистина многу кашлав, и тоа беше еден од пострашните моменти за мене. Морам да се заблагодарм на докторите и на целиот медицински персаонал, најмногу заради нив го снимам ова видео.

Она што го видов таму е навистина многу стресно. Не сакам кога на Фејсбук објавуваат вознемирувачкки слики. Сметам дека со ова видео ќе ја покренам свеста на некои луѓе, зашто има некои кои не веруваат во вирусот.

Тоа што го видов таму е еедна аг онија, луѓе кои се борат за живот. Тоа е страшно и за слушање и за гледање. Ми треба време да ги заборавам тие слики кои ги доживев таму.

Она што го видов таму е како некој филм“, рече Елена во видеото. При крајот таа му се заблагодари на министерот Венко Филипче.

– Секогаш го слушав, но не бев свесна за целава оваа ситуација. Јас се пазев, а кога им се случува на другите го гледаш како некој филм од страна.

Во потполност имаат значење сите негови зборови, сите негови совети, и ве советувам да слушате се што кажува.

Не сум ниту потплатена, ниту некој ме натерал да го снимам ова, го снимам со најдрага волја и со најголема благодарност до медицинските лице кои неуморно работат“.

За крај, Петреска рече дека е многу среќна што е дома со сопругот Андреј и со децата, Михаел и Софија.