Home Вести Дијаспора Пред изборите, од Бугарија важно известување кое се однесува и на Македонците...

Пред изборите, од Бугарија важно известување кое се однесува и на Македонците со бугарски пасош

Како што веќе од претходно е познато, на 4 април 2021 година во Бугарија ќе се одржат парламентарни избори. Многу бугарски државјани се раселени ширум светот, а истите сакаат да гласаат, но поради мерките за патување на се во можност.

Принтскрин видео Дојче веле

Познато е дека и многу Македонци поседуваат пасош на Бугарија и истите ќе имаат можност да гласаат, но пристига уште една интересна вест.

Тур-операторите во Бугарија бараат од власта да отвори место за гласање на престојните избори во Занзибар. Причината е што скоро 600 Бугари веќе имаат закажан лет за Танзанија во изборната недела.

Ова ги испровоцира тур-операторите да се обратат до државната изборна комисија со прашање – дали Бугарите можат да гласаат оттаму, или поедноставно кажано од плажа.

Оваа дестинација е доста популарна во Бугарија, а кога се продавале пакетите за Занзибар не се знаел точниот датум на изборите во земјата.

„Занзибар беше планиран долго пред да се одреди точниот датум на изборите. Ние знаевме дека тие ќе бидат на крајот на март. За жал, подоцна откривме дека тие ќе се одржат во истиот период со организираните патувања“, изјави еден од тур oператорите.

Сега 600 луѓе се соочуваат со дилемата гласање на избори или патување во Занзибар. Досега никој не се откажал од второто.

„Не можам да разочарам дете кое има скоро една година и половина од неа не отиде никаде заради дадената ситуација “, коментира еден од 600-те регистрирани за патувањето.

Бидејќи не е можно да се помести патувањето , тур операторите ја повикуваат изборната комисија ЦИК да отвори избирачко место во Занзибар. ЦИК не вели дека ова е невозможно. Од нивното официјално писмо станува јасно дека секој што сака да гласа од Занзибар мора да пополни електронска апликација на веб-страницата на ЦИК до 9 март.

Принтскрин Видео

Според Изборниот законик, ако има најмалку 60 апликанти, треба да има избирачко место во Занзибар. Но тоа мора да го организира конзулат на самото место, а во Занзибар нема, ниту е акредитиран амбасадор, образложило Министерството за надворешни работи.

Принтскрин Видео

Од министерството за внатрешни работи на Бугарија излегоа со официјално соопштение во кое се вели:

Принтскрин Видео

-На 4 април 2021 година во Бугарија ќе се одржат парламентарни избори. Сите бугарски државјани што имаат наполнето 18 години, немаат забрана за гласање и не се наоѓаат во казнено поправна институција, а сакаат да гласаат во странство на изборите, треба да го пријават тоа преку пријава за гласање надвор од земјата по еден од следните два начини:

Принтскрин видео

-Во писмена форма пред Амбасадата на Р. Бугарија во Скопје или пред Генералното конзулство во Битола. Пријавата за гласање станува преку формулар утврден од Централната изборна комисија, не подоцна од 25 дена пред изборниот ден.

Формуларот треба да биде потпишан своерачно и поднесен лично или испратен преку писмо до Амбасадата на Р. Бугарија во Скопје на адреса ул. Златко Шнајдер“ бр.3 или до Генералното конзулство во Битола на адреса ул. „Први мај“ бр. 53.

Принтскрин Јутјуб

–Преку електронско пријавување на интернет страницата на Централната изборна комисија (тука). Во случај ако одреден граѓанин нема поддадено пријава за гласање надвор од земјата според горенаведените начини, бугарските државјани што сакаат да гласаат во денот на изборите можат да го направат тоа ако потполнат Декларација пред СИК по даден образец.