Home Живот Тања Кочовска прави салто и скока во море, денес полни 54 години...

Тања Кочовска прави салто и скока во море, денес полни 54 години (ВИДЕО)

Тања Кочовска е една од нашите најпознати актерки, своевремено и пејачки. Иако музиката е дел од нејзиниот живот, таа веќе долги години професионално не се занимава со пеење.

Нашата позната актерка ја сакаат сите генерации, поради нејзиниот смисол за хумор и ведар дух.

Тања ја обожаваат децата кои ја имаат гледано во Тетарот за деца и младинци, и повозрасната публика во Македонскиот народен театар.

Тања беше дел од Тв серијата „Преспав“ како гостинка. Таа неколку сезони наназад се појавува во серијата, глумејќи ја сопругата на Миле Бузалевски- Игор Џамбазов.

Тања е и фантастична пејачка, а како и да не биде кога потекнува од музичко семејство, нејзини родители се легенндарните „Мањифико“, дуото Невена и Панче Кочовски.

Тања е во брак со актерот Предраг Павловски, и е мајка на Александар и на Нела.

Во септември минатата година, Тања и Предраг прославија 25 години брак, на Денот на верата, надежта и љубовта. Тања на оригинален начин се пофали за годишнината на Фејсбук.

Таа објави фотографија како на Предраг му мери притисок. Актерскиот пар се запознал за време на студентските денови, но бидејќи во тој период и двајцата имале долги врски не обрнувале многу внимание еден на друг.

Во тој период јас бев најзгодна, ама Предраг не ме забележуваше.

Мислеше дека сум медиумска личност и дека покрај себе имам некој богаташ со „порше“ и со викендичка на Водно, па немаше храброст да ми пријде“, изјави Тања своевремено за сопругот.

Во интервју за hybrid.mk, таа зборуваше за љубовта и за грижата кон сестра ѝ, Лидија Кочовска.

Сакавме во еден период да имаме брат или сестра, да, но ете тоа не беше возможно да се оствари.

Јас и Лидија сме 9 години разлика и додека се роди таа заради обврските на моите родители кои патуваа постојано голем дел од времето го поминував со тетка ми.

Кога пораснав малку повеќе и Лидија беше веќе родена, практично одговорноста за неа ја имав јас. И бев како мајка, а таа мајчинска грижа јас и ден денес ја чувствувам кон неа“, рече Тања.

Таа денеска полни 54 години и објави видео на Фејсбук, како прави салто и скока во море. На постот напиша во нејзин стил: „Леле Тања, 54“!

Фото: Фејсбук, Јутјуб принтскрин