Наследниците на пејачот не сакаат да го наследат неговиот бизнис, па затоа тој е принуден да ја продава дискотеката, како и целиот станбен простор над нејзе.

Поранешната ѕвезда на „Јужен ветер“ Кемал Маловчиќ во искрено интервју за „Блиц“ открива дека решил да распродаде дел од својот имот во Босна. Како што и самиот вели, дискотеката што ја има не му служи за ништо, а ниту неговите деца не сакаат да ја продолжат неговата работа.

– Одлучив да ја продадам дискотеката што ја држев. На горниот кат се наоѓа станбен дел, а на долниот кат е дискотека. Во дискотеката има и подвижна бина, комплетен инвентар, така што оние што ќе решат да купат имаат сè подготвено за работа.

Околу дискотеката има 11 дулуми земја, има голем паркинг. Бидејќи е време на вирусот, таа не работи, а децата не сакаат да доаѓаат од странство и да се бават со тоа. Ако не успеам да ја продадам дискотеката, ќе продолжам да ја работам истата работа. Јас можам да заработам нешто три месеци во текот на летото, ако сè оди добро.

Велат дека сум пропаднал, но работам со пеење повеќе од 50 години и ми е здодевно од сè. И покрај тоа што сум пензиониран, луѓето постојано ми викаат да дојдам и да пеам. Јас заработувам од авторско право на Јутјуб, малку од авторските права што ми ги дава Сокој и имам некои приходи во Босна.

За среќа, започнав да уплаќам за пензијата во Австрија на времето. Од 95-та година. Имам нивно државјанство и сега уживам во нивната пензија – вели Кемал и додава:

– Патував низ целиот свет, се борев, израснав и градев. На крајот, сфаќам дека здравјето е на прво место. Во тие среќни времиња беше подобро, хитот и кариерата одеа спонтано. Ако немаше добра песна, не можеше да сториш ништо.

Тие те забораваат и ти повеќе не постоиш – искрено вели пејачот, кој тврди дека децата не сакаат да си ја работат неговата работа. Три сина – Џенан, Кенан и Адин, како и ќерката Едита, тргнаа по одделни патишта.

Децата нема да продолжат да ја вршат мојата работа. Тие живеат во Виена, имаат завршено разни училишта. Најстариот син заврши училиште за ИТ професионалци, ќерката се занимава со глума, сними два албума, но таа реши привремено да го напушти пеењето.

Вториот син учи, додека третиот има завршено трговско училиште и тој е шеф на маркет во Австрија – вели Маловчиќ, кој убаво се сеќава на старите денови кога успеа да заработи до 100.000 марки за една вечер со колегите.

-Свадбите на Ромите во Италија беа најплатените. Имаше пари таму, богатите правеа свадби и парите беа таму. Се сеќавам дека во една прилика, Јасмин Мухаремовиќ, Злата Петровиќ и јас зедовме над 100.000 марки за само една вечер.

Неодамна се сеќавам на свадба од Нови Пазар. Пред две години зедовме 48.000 евра бакшиш. Вкупно настапија 13 колеги, вклучувајќи ги Љпка Стевиќ и Мони, босанска пејачка. Секој од нас подели бакшиш, плус хонорар што го погодивме таа вечер – се сеќава ѕвездата на „Јужен ветер“ и додава дека кариерата ја започнал со хитот „Невернице моја“.

– Мојот прв хит сингл беше „Неверницие моја“. Следуваа песни како „Где си сада, лептирице моја“, „Окрече се коло срече“, со кои во тоа време продадов над 600.000 примероци. Имав постојан тираж во „Јужен ветер“ од 200 до 250 000 продадени примероци. Некои големи sвезди не успеаја да надминат ни дури 100.000 продадени примероци – вели Кемал, кој беше среќен што се дружеше со Синан Сакиќ за време на големите турнеи.

– Бев најдобар приватно со Синан. Се почитувавме. Имав коректен однос со сите мои колеги. Жал ми е што не поминав многу време со децата поради турнеите. Останав во Америка два месеци.
Децата растат, кога ќе се вратам од турнеја, се прашуваат кој е овој чичко? Но, за среќа некако се истурка тоа. Важно е само човек да е здрав, годините брзо минуваат – заклучува Кемал Маловчиќ за „Блиц“.

Кемал тврди дека помладите генерации сакаат да станат ѕвезда преку ноќ со само еден хит.

– Младите треба да знаат каде припаѓаат. Не можете да се наречете ѕвезда а имате една песна. Тие ги пеат моите и песните на Синан. Никогаш во животот не сум кажал на никого дека сум ѕвезда иако сум бил и на врвот и на дното.

Многумина по вирусот ќе земат метла во рацете, пејачките пак, можат да бидат добри келнерки, тие се згодни и имаат облини. Помладите пејачи пак нека го земат воланот и нека возат камион – вели пејачот.