Home Живот Пејачката Ивона гордо го сликаше својот „вишок“ и праша: Зарем мора да...

Пејачката Ивона гордо го сликаше својот „вишок“ и праша: Зарем мора да носам широка облека

Пејачката и јутјуберка Ивона Јовановиќ од Куманово е секогаш интересна за домашната јавност. Ивона стана позната откако се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, и по убавата избедба на познатата песна „Бато’, од Калиопи.

Ивона секогаш пишува отворено за своите вишок килограми, за кои нејзините фанови велат декла одлично ги носи. Еден период, Ивона беше во интензивен процес на слабеење.

„Се криев и не излегував во текот на летото на базени, одмори затоа што во средношколските денови добивав пог рдни зборови од околината кога ќе се соблечев така во бикини. Се немам појавено во теретана можеби 2 недели.

На почеток од овој мој животен пат кога не одев во теретана чувствував огромна грижа на совест. Се казнував со 2 часа 3 часа вежбање утредента и слично.

И еве ме, се вратив од одмор. И можам да ви кажам, уживајте во секој момент од животот. Јадете контролирано. Дозволете си денови кога ќе земете нешто што знаете дека го сакате. Дозволете си да го слушнете телото што ви говори“, напиша пејачката тогаш.

На Инстаграм, Ивона објави смели фотоиграфии каде што е облечена во свилен тесен фустан и напиша:

Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека, покриен задник со џемпер. Што е можно повеќе слоеви на гардероба за да не се види дека е вишокот залепен.

Вишокот кој општеството го карактеризира како дебела, грдотија, не се грижи за своето здравје, како може да си дозволи на тоа тело хеланки или пак танга и слично.

Прекривајќи се со парчиња и слоеви гардероба, се покривав себе и својата индивидуалност и женственост цели 24 години.

И најтешко од се знаете што е? Моментот кога ќе сфатиш дека си почнал и ти така да размислуваш. Моментот кога се фаќаш во денот како освен низа на негативни реченици ти немаш што убаво да си кажеш.

Затоа решив да посветам ден за себе. Ден кога ќе го облечам моделот кој секогаш сум замислувала дека го носам. И знаете што?

Додека се фотографирав јас се чувствував исклучително убаво и посакувано од своја страна. Бев тргната од рамките на размислувањето кој и што ќе каже. И после ова објавување навистина ќе се стремам тоа да е така.

Вистинската тајна во постигнување на комплетна самодоверба не е да престанеш да се грижиш што другите ќе кажат за тебе, туку што имаш ти да си кажеш на себе.

Избери приоритет и грижи се за себе. Затоа што тоа е единствениот пат кој води до себеприфаќање.

Извор: Инстаграм статус на Ивона Јовановиќ

Фотографиите кои ги изработи Стефан Соколовски можете да ги видите ТУКА