Home Естрада Карлеуша ги скара фановите поради своите големи промени

Карлеуша ги скара фановите поради своите големи промени

Каде и да се појави Јелена Карлеуша, сите погледи се насочени кон неа. Пејачката секогаш е во центарот на вниманието во своите модерни парчиња облека. Карлеуша (42) денес важи за една од најпознатите пејачки во регионот, со милиони следбеници на социјалните мрежи.

За нејзиниот моден стил пишуваат и светските медиуми, но на почетокот на нејзината кариера, далечната 1995 година, тогаш 17-годишната Карлеуша поминала трновит пат до славата.

-Кариерата ја почнав за време на вој ната, а она што сакав да го облечам ниту имав од каде да го купам, ниту пак имав со што. Многу често немав пари ни за чорапи.
Се сеќавам на моето прво телевизиско гостување на РТС, имав ужасна трема.

Носев фустанче сошиено од некој сребрен позајмен материјал. Имав смешна фризура и премногу шминка за 16 годишно девојче”, раскажува поп-дивата, во чиј гардеробер денес се наоѓаат парчиња и од неколку десетици илјади евра.

Јелена честопати зборува во јавноста за нејзината пок ојна мајка Дивна и колку и значела нејзината поддршка во животот, но ретко го споменува нејзиниот татко Драган Карлеуша.

Сепак, членката на жирито во „Звезде Гранда“ ги изненади сите кога во една поранешна епизода од шоуто, откри еден помалку познат детал од биографијата на нејзиниот татко.

Имено, еден натпреварувач во оригиналот ја отпеа песната „Лола“, изведена од Чоби, со што пејачката се потсети на нејзиниот татко Драган.

„Не знам дали знаете, но татко ми свиреше тапани со групата„ Про арте “на песната „ Лола “, и тоа беше многу пред неговата полициска кариера“, рече Јелена, која очигледно ја наследила музикалноста од нејзиниот татко.

Карлеуша успеа да ги интригира и светските медиуми, и сигурно дека на контраверзната пејачка, сопруга на фудбалерот Душко Тошиќ тоа ѝ годи. таа отсекогаш сакала внимание. Причината е многу интересна.

Тие ја претставија како српска Мадона и Лејди Гага, а сè започна кога американските медиуми дојдоа до заклучок дека најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, ја копира Јелена Карлеуша.

Имено, вниманието на американската јавност го привлекоа фотографиите на кои Ј.К. позира во комбинации на облека што подоцна на свој начин ги носеше Ким Кардашијан. Имаше толку многу материјал што секоја помисла дека е само случајност би била луда, напиша српскиот портал Нова.рс.

Јелена е повторно во центарпт на вниманието поради големата промена која ја направи, овој пат станува збор за косата. Таа ја скрати својата долга коса и сега имам боб фризура со шишки. Како и досега, за новата фризура, ЈК се пофали на Инстаграм.

Нејзините фанови развија цела една дискусија околу тоа каква е поубава, и забележавме многу интересни коментари на оваа објава: „Преубава, Холивуд гори, Врати ми се“, се дел од нив, но има и еден кој вели: Ех, да беше таква убавица во живо кај ќе ти беше крајот….

Потоа фановите се караат околу тоа каква коса ѝ стои поубаво. „Долгата косата поубаво ти стои, само не онолку кратка“. „Не, поубаво ѝ стои кратка коса“, вели друг. Трет коментар пак одговори дека ова ѝ перика. Еден од изгледа најверните фанови тргна да ја брани ЈК:

– Убава жена, фантастично тело. Ги читам коментарите, не е важно колку години имаш кога треба да го покажеш своето совршено тело на таа возраст. Велат дека си пластична жена, јас гледам на тоа поинаку. Мајката природа ти даде висина, убаво тело и пластичарите не можат да го поправат тоа.

Само оние што се завидни можат да кажат нешто, или оние кои имаат некои комплекси, а потоа да бараат некои недостатоци кај други. Уживам да ги гледам твоите слики како жена, а оние што не те сакаат треба да те заобиколат“.

Фото: Инстаграм- Јелена Карлеуша, Јутјуб принсткрин