Home Естрада Цеца и Богдан цветаат, а неговата бивша е во врска со Саша...

Цеца и Богдан цветаат, а неговата бивша е во врска со Саша Ковачевиќ – пејачот даде интересна изјава

Пред еден месец, на целиот Балкан силно одекна веста дека Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) има момче Богдан Срејовиќ (38), кој е девет години помлад од пејачката. Се запознале на еден роденден, а а пејачката не сакаше да зборува за нејзиниот приватен живот.

–Не сакам да го коментирам мојот приватен живот – кратко рече Цеца. Јавноста денес дозна дека Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе некое е во врска со време се забавува со младиот бизнисмен Срејовиќ, а потоа се огласи и неговиот татко Милош Срејовиќ (64).

Поранешниот југословенски атлетичар, специјалист за скок во далечина, за Курир изјави дека неговиот син не му кажал ништо за неговата нова љубов, а исто така истакна дека го поддржува секој негов избор.

–Неблагодарно е да го коментирам тоа. Тие се возрасни, зрели луѓе, кои знаат да се грижат за себе. Колку што можев да видам, тие се среќни и задоволни. Тоа е заедничка приказна и не би се мешал во неа.

Морам да кажам дека не сум го чул и видел Богдан толку среќен и задоволен, па претпоставувам дека сè е во совршен ред – љубезно рекол поранешниот атлетски шампион.

На прашањето кога дознал дека неговата син е вљубен во Ражнатовиќ, Милош за споменатите медиуми изјави дека ги прочитал вестите во медиумите. „Вчера дознав од медиумите дека мојот Богдан се забавува со Цеца.

Не ми го спомна претходно, кога последен пат се слушнавме, ми рече дека ќе видиме и ќе разговараме наскоро. Требаше да дојде дома за Божиќ, но беше спречен.

Инаку, Богдан има ќерка Искра, за која е многу приврзан и беше оженет со Зорана Тасовац, инаку сегашна девојка на Саша Ковачевиќ.

Цеца и Искра се во одлично односи, а тоа го докажа и нивниот заееднички викенд на Копаоник, каде што пејачката правеше Снешко заедно неа, а туристите околу гледаа со неверување.

Богдан и Зорана се разведоа пред пет години, но поради нивната ќерка тие останаа во добри односи.

Зорана е инаку, како што наведовме претходно, сегашна партнерка на Саша Ковачевиќ, познатиот пејач по кого лудуваат девојките од целиот Балкан.

Богдан и Зорана се развеле пред пет години, но и понатаму се во добри односи. Она што е интересно е првата изјава на Саша поврзана со врската на Цеца со Богдан. Саша откри во какви односи се неговата партнерка и нејзинот поранешен сопруг.

„Богдан и Зорана отсекогаш се во добри односи. Не коментирам бидејќи не сакам да навлегувам во туѓ живот. Многу ми е драго ако тој и Цеца се заљубени, тоа е најубавата работа која може да се случи покрај децата“, изјавил Саша Ковачевиќ.

Инаку Саша Ковачевиќ е еден од најпосакуваните мажи на естрадата. Многу жени посакуваат да бидат во негова прегратка, а кај нас, тоа и успеа на популарната водителка Милена антовска.

Пред повеќе од две години, во еден скопски хотел се случи прославата по повод 21 година роденден на телевизија Канал 5. Како што е ред, на свеченоста се појавија сите кои се пред и зад камерите, а за атмосферата се погрижија домашни музички имиња, како и едно популарна музичка ѕвезда од регионот – пејачот Саша Ковачевиќ.

Особено присутните дами не одолеаја да се фотографираат со шармантниот српски заводник, а една од нив беше и водителката Милена Антовска Станковска.

Таа за оваа прилика се одлучила за провокативен кус црн коктел фустан со длабоко деколте кој ја нагласи нејзината префинета фигура. Таа не пропушти да овековечи и една фотка со Саша.

Така залепени еден до друг, пејачот и водителката позираа и за на социјалните мрежи, а од широката насмевка на Милена се гледа дека и било и повеќе од забавно и возбудливо.

Сепак, ова е само пријателска прегретка, бидејќи Милена е среќно омажена и мајка на Лана Марија.

Фото: Јутјуб принсткрин, Инстаграм профили на Цеца Ражњатовиќ, Саша Ковачевиќ, Богдан Срејовиќ.