Home Естрада Откако го загуби татко си и бебето, Илда Шаулиќ денес сподели една...

Откако го загуби татко си и бебето, Илда Шаулиќ денес сподели една емотивна порака

Ќерката на кралот на балканската фолк музика, Шабан Шаулиќ, пејачката Илда Шаулиќ, во емисијата „Премиера“ откри дека снима песна посветена на нејзиниот поч инат татко:

-Беше тешко и емотивно, но со вистинска емоција. Многу ми е драго што таа песна која за мене е пишувана пред седум, осум години ја напиша Пеџа Меденица“ рече Илда.

Илда откри во кој фазон ќе биде песната и како дошла до идејата со таа песна да се врати на музичката сцена.

-Јас на оваа песна се сетив пред неколку месеци и му кажав на мојот соработник Енџи Мавриќ : „Каде е она песна што за мене ја пишуваше Пеѓа?“ и тој ми oдговори: „Од каде се сети на тоа“. Му реков дека текстот е многу добар, така да средивме се што треба и песната е многу убава.

На почетокот на јули минатата година,  Илда Шаулиќ најпрвин сопшти дека таа и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ го очекуваат второ дете.

Дека таа е бремена, дознала на роденденот на нејзиниот брат на 15 јуни, па се израздува дека за неколку месеци таа и нејзиниот сопруг по втор пат ќе станат родители.

Но во исто време Илда им соопштила на медиумите дека е и позитивна на вирусот, а за заразата дознала неколку дена откако докторот и потврдил дека е бремена.

Пејачката немала никакви симптоми, само заради превентива се тестирала откако дознала дека е бремена, се со цел да биде спокојна, но… Тестот бил позитивен, а два дена после тоа ги добила и симптомите. Го изгубила чуството на вкус и мирис, иако немала температура.

Илда сето ова го сподели и на социјалните мрежи, поточно на својот Инстаграм профил:

„Драги мои, морам да споделам две вести со вас, едната убава, а другата не толку добра. Првата е дека нашето семејство ќе стане побогато за уште еден член, што сите со нетрпение неизмерно го чекаме.

Точно заради бременоста, отидов и на тест и добив резултат што ми покажа дека сум позитивнa на Ковид 19. Јас веднаш ќе ви кажам дека немам никакви симптоми, се чувствувам добро, па нема причина да се грижите, но во исто време јас сум свесна за сериозноста затоа ги преземав сите пропишани мерки, вклучително и самоизолација.

Ви благодарам однапред на убавите желби и бидете добро. Ве сака Илда“ – напишала таа на социјалните мрежи.

Но, при крајот на јули, Илда соопшти дека го загубила бебето. Навистина, премногу лоши случувања за познатата пејачка во рок од година и неколку месеци.

Шаулиќ вели дека освен губењето на бебето многу тешко и паднало што требало да соопшти на нејзината ќерка дека нема да добие брат или сестра.

Илда Шаулиќ, денес објави уште една емотивна порака. Таа се огласи на својот Инстаграм профил и им откри на своите следбеници дека денес е важен ден во нејзиниот живот.

Имено, овојпат Илда и испрати многу емотивна порака на нејзината мајка Гордана Шаулиќ и ѝ го честиташе роденденот.

Илда објави на фотографија на која е со нејзината мајка, а она што го напиша во описот е многу емотивно.

-Отсекогаш си била столб на нашето семејство, невозможното го претвораш во можно, твојата несебична поддршка е секогаш тука кога е потребно, а твојата прегратка ни кажува дека на крајот на краиштата сè ќе биде добро.

Те бакнува и те сака најмногу на светот твојата ќерка Илда ве сака најмногу на светот. Среќен роденден мамо – напиша пејачката.

Фото: Инстаграм на Илда Шаулиќ