Home Живот Лозано раскажа искрена приказна за Драган Вучиќ

Лозано раскажа искрена приказна за Драган Вучиќ

Влатко Лозаноски- Лозано е еден од нашите најпопуларни пејачи, музичка ѕвезда која е омилена на сите. Тој во емисијата Еден на Еден кај Жаре изјави дека тој е само Влатко кој работи во Лозано.

Влатко искрено зборуваше како останал имун на сите лоши работи и пор оци кои ги носи неговата професија, музиката, и рече дека неговата професија воопшто не е лесна, а се присети и на неговите не толку лесни почетоци.

-Од Кичево сум одел со автобус да снимам во Тетово, снимам и со следниот автобус сум брзал за да се вратам“, рече Кичевченецот. „Жртвата е многу тешка“, рече Лозано.

Влатко зборуваше и дека е голем тремаџија и за тоа дека му треба доста време да се опушти на концерт. Влатко рече дека првпат сфатил дека е познат после шоуто Мак ѕвезди, и зборуваше зошто никогаш не посегнал кон по роци.

– Нема потреба од такво нешто, се е психолошки момент. На ркоти -кот е публиката, таа ти дава екстарза.

Реално како иднивидуа сум голем тремаџија. Денеска и да имам пет шест конерти, имам трема. Но, се опуштам после првата, втората песна,“, изјави Лозано во емисијата.

-Секогаш си имав некој ритуал сопствен. И моите колеги пред концерт ми зборувале- зошто вака си чуден? Кога имам некој важен настап, не сакам да сум со луѓе.

Сакам да појдам на некое место каде што сум сам, глдеам Нетфликс, и не мислам на она што следи. Не знам дали некому му успеало, на некој што е нервозен да му речеш: Не се нервирај!

Потоа Лозано зборуваше за својот голем концерт во салата Борис Трајковски кој се слули во 2019 година, а имаше околу 10 илјади луѓе во публика.

-На концертот во Борис Трајковки не очекував дека ќе има толку многу луѓе. И си мислев, може да случат некои чудни работи.

На пример, ќе ми падне рефлектор, се сопнуваш, некои банални работи…“, зборуваше Лозано за своите стравови пред да излезе на сцена.

– Купив нови слушалки, ги испорабав, пеам а пред мене темница, публиката не ја гледам. Гледам пред мене светилки, ама немаат пуштено сите, не гледам пред мене колку луѓе има.

Дури после десеттата песна се опуштив“, беше искрен пејачот.

На прашањето со кого би се сменил на еден ден, тој рече дека би се сменил со Путин. Влатко го спомена и Драган Вучиќ, кај кого ја започнал музичката кариера, во шоуто Мак ѕвезди кое тој го водеше.

-Да не беше Драган Вучиќ, немаше да почнам да пеам јавно. Тој е многу заслужен. Многу го почитував и го сакав, како музичар и како човек.

Една фантастична личност, но за жал, тој веќе не е меѓу нас. Голем поздрав и до Мартин, тој е одличен музичар“, рече Лозано за Вучиќ.

Дрган Вучиќ беше еден од најдобрите и најдолготрајните водители во нашата држава. Иако неговото примарно занимање е музичар, тој пред дваесетина години прв почна да организира шоуа во живо, нешто што на балканските простори не беше познато, а подоцна се копираше.

Вашите пет минути беа од многумина оспорувани, Драган нарекуван со секакви зборови, но речиси и да немаше човек кој не го гледаше.

Еден од последните проекти му беше на 1ТВ, каде во автобус на ЈСП ги реализираше своите емисии, интервјуа со познати личности од естрадата. Повторно, неговиот термин беше ударен.

Драган Вучиќ пред неколку години престојуваше во Турција и успеа да направи интервјуа со речиси сите актери од најгледаните турски серии.

Вучиќ не ја издржа битката со Ковид-19, поч-ина на 4. Мај минатата година на скопската Инфективна клиника, во 65-тата година од животот.

Фото: Јутјуб принсткрин, Инстаграм профил на Влатко Лозаноски